ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американскиот Сенат усвои закон со кој ќе издвојуваат по 400 милиони долари годишно за воена помош на Украина до 2027 година

December 18, 2025 10:11
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сенатот на САД на 17 декември одобри закон за трошоци за одбрана од 900 милијарди долари, кој вклучува 800 милиони долари воена помош за Украина, по усвојувањето на законот од страна на Претставничкиот дом минатата недела, пренесува Кијив Индипендент.

Законот беше усвоен од Сенатот со двопартиска поддршка со 77-20 гласови и сега оди кај американскиот претседател Доналд Трамп за потпис.

Со него се предвидува Украина да добива 400 милиони долари годишно за фискалните години 2026 и 2027 година. Финансирањето би се обезбедило преку Иницијативата за безбедносна помош на Украина (USAI), програма водена од Пентагон која финансира договори за оружје со американски одбранбени компании.

Исто така, предлогот бара од Министерството за одбрана да го извести Конгресот во рок од 48 часа од секоја одлука за ограничување на споделувањето разузнавачки информации со Украина, според амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.

Надвор од директното финансирање за Кијив, законот вклучува и одредби што влијаат на воената позиција на САД во Европа.

Законодавството му забранува на Пентагон да го намали бројот на војници „трајно стационирани или распоредени“ во Европа под 76.000 подолго од 45 дена.

Дополнително, се зголемуваат платите за припадниците на вооружените сили, се издвојуваат повеќе средства за воздушниот одбранбен штит „Златна купола“, се зајакнува воената позиција во индо-пацифичкиот регион и се одобрува распоредување на активни трупи на границата меѓу САД и Мексико.

Сумата доделена на Украина од Конгресот претставува само мал дел од вкупната воена помош што САД ја обезбедија од почетокот на целосната инвазија, која изнесуваше 67 милијарди долари до почетокот на мандатот на Трамп.

Претходно, на 16 декември, како што пренесува ЦИВИЛ Медиа, двопартиска група од четири американски сенатори  го предложи Законот за намалување на профитот од руска нафта (DROP) од 2025 година, закон со кој ќе се воведат насочени санкции за секој што се занимава со руска нафта.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: Американскиот КонгресУкраина
Next Post
Скриншот

Нетанјаху одобри извоз на гас во Египет вреден 35 милијарди долари

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk