Фотографијата на Каролин Ливит, објавена оваа недела во Vanity Fair, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Станува збор за портрет со исклучително висока резолуција, на кој се гледа секој детаљ од нејзиното лице, а особено внимание привлекоа усните – видливо отечени, со ситни точкасти траги и сјај што дополнително го нагласува нивниот изглед.
Коментарите на Инстаграм беа немилосрдни. Речиси веднаш се појавија прашања за тоа што точно се случува со нејзините усни, пишува The Cut.
Што велат стручњаците?
За да се разјасни дилемата, The Cut побара мислење од двајца дерматолози и еден пластичен хирург. Сите тие се согласија дека изгледот на усните укажува на модринки и ситни точки на крварење – појава што најчесто се јавува по естетски инјекции.
„Овие траги се појавуваат кога игла или канила ќе помине низ чувствителните крвни садови во усните“, објаснува дерматологинката д-р Мона Гохара.
@lisandravcomedy Vanity Fair covers the Trump Admin. @Karoline Leavitt ♬ Fun And Quirky Comedy Underscore Whimsical Comedic Background – Zema
Според стручњаците, постои голема веројатност дека Ливит примила филери само неколку дена пред фотографирањето, а можеби дури и ден претходно. Таа досега јавно не потврдила дека користи филери, а наместо да ја коментира спорната фотографија, на своите профили објави неколку други, значително поповолни фотографии.
„Рано е за конечни заклучоци“
Пластичниот хирург д-р Џон Дијаз посочува дека на усните се забележуваат „благи неправилности во контурите, што не е идеално“, но нагласува дека е прерано да се донесе конечна проценка.
Со него се согласува и дерматологинката д-р Лорен Мој, која вели дека фотографиите најверојатно прикажуваат усни во кои неодамна се вбризгани филери.
„Потребно е одредено време за отокот и модринките да се повлечат и за филерите да се ‘сместат’“, објаснува таа.





