Полициски службеници од СВР Скопје рано утринава лишиле од слобода 37-годишно лице поради напад врз полициски службеник при вршење службени дејствија.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 декември 2025 година околу 04:30 часот, пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, бил приведен У.И.У. (37) од Нигерија, кој поседувал американски пасош и лична карта.
При интервенцијата, лицето физички нападнало полициски службеник, по што било лишено од слобода. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Глок“, две рамки и 30 куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.







