ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Рецензија на книгата „КОНФЛИКТ, МИР И МЕДИУМИ“ од Валентин Нешовски

December 21, 2025 12:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

Теориски координати и легитимни етички дилеми на постконфликтната транзиција

Дозволете на самиот почеток на оваа рецензија да укажам дека со лично чувство на особено задоволство го прифатив повикот на Валентин Нешовски,  да го читам овој аналитички материјал што го нуди во ракописот „КОНФЛИКТ, МИР И МЕДИУМИ”. Имено, овде тој вешто ги синтизира  клучните дилеми кои се изучуваат во сферата на меѓународните односи и студиите за мир и конфликт.  Како професорка која предава предмети како: етнички конфликти во меѓународните односи, теории на меѓународна политика, и глобални политички предизвици, сакам јасно уште на самиот почеток да нагласам дека текстот што го имав пред себе ја погодува самата срж на современите предизвици, односно, транзицијата од војна кон траен мир.

Авторот дури, би рекла, пишува со една невообичаена за новинар академска кохерентност, која е вистинска реткост. Тој, не само што нуди опис на феномените, туку и нуди и длабока, критичка и теоретски референтна анализа. И токму тука, на оваа линија, е она што особено ме импресионираше следејќи го внимателно текстот – теоретско позиционирање.

Анализата почнува од висина, лоцирајќи го постконфликтното општество во контекст на системската трансформација. Прецизно е детектиран преминот од класичниот вестфалски поредок, кој го фаворизираше апсолутниот државен суверенитет, кон една доцна поствестфалска фаза. А, оваа фаза, како што правилно се посочува овде, се карактеризира со ерозија на суверенитетот – феномен кој го нарекуваме „мек суверенитет“ – каде што хуманитарната грижа и режимот на човекови права сѐ почесто ја надминуваат бариерата на немешање во внатрешните работи. Овој теоретски компас е исклучително важен за да се разберат новите, интра-државни конфликти и, воопшто дилемите врзани за интервенциите,  како што на пример беше случајот со Косово во 1999 година.

Кон ова Нешовски, надоврзува и една маестрална обработка на еволуцијата на концептот за безбедност, и тоа на квалитативната линија на отфрлањето на тесноградата државна безбедност во корист на човековата безбедност (human security). И ова согласно моите согледби, еден од најголемите нормативни скокови во меѓународната политичка теорија, кои и овде се верифицирани. Меѓутоа, како што и самиот автор укажува, овој концепт е меч со две острици, бидејќи прашањата за легитимитетот и ризикот од неоколонијално наметнување на надворешен поредок остануваат сè уште актуелни и отворени. Тоа е впрочем тензијата која ние, јавноста, медиумите и академијата, мораме да ја истражуваме и адресираме.

Следно, од теоријата на системот, се движи кон темата за суштината на градењето/изградбата на мирот (peacebuliding),  со нагласување на клучната дилема меѓу приоритизирање на Правда наспроти Мирот, и вице верса. (Peace vs Justice Debate). Оваа дилема, сакам да нагласам, е емпириски богато обработена преку референци на конкретни случаи и автори. Додека, потпирањето на Роберт Л. Ротштејн за разликувањето на „слабиот“ наспроти „вистинскиот“ мир и Херберт Ц. Келман за праведноста на процесот (fair process) наспроти праведноста на исходот (fair outcome) е доказ и за академска втемеленост на текстот пред нас. Авторот, исправно,  нагласува дека целосна амнестија (за мир) може да ја поткопа легитимноста (правдата) и да го овозможи повторувањето на конфликтот, иако амнестиите се незиоставен дел на помирувањето. Во овој дел, особено го поздравувам инсистирањето на психолошката димензија на мирот и улогата на симболичната правда – тоа е местото каде што политиката се среќава со човечката емоција.

Подеднакво силен е освртот посветен на Улогата на Цивилното Општество и Медиумите, а се разбира, ова е особено актуелен и референтен предизвик и за современиот контекст, за што лично би препорачала дополнително проширување во некое наредно издание.

Во врска со концептот на дипломатија на втора патека (Track Two Diplomacy), сакам да укажам дека умно е искористен, со цел да се објасни како граѓанските иницијативи го пополнуваат вакуумот на доверба што државните институции не успеваат тоа да го направат во една пост-конфликтна и трауматска атмосфера.

Најголемата храброст на овој ракопис, од моја перспектива,  лежи во фактот дека директно и  остро се  отвора прашањето за улогата на медиумите во мировните  процеси, и со право авторот не води кон заклучокот дека медиумите имаат структурна, економска склоност кон конфликт (бидејќи овие теми носат профит) и дека мора да се обрати посебно внимание на  процесот на трансформирње и актуелизација на т.н. мировно новинарство (Peace Journalism). Клучното етичко прашање, следствено лебди над нашата актуелност и секако минато,  а тое е: дали слободата на говор (согласно согледбите на Џон Стјуарт Мил) треба да се ограничи во интерес на мирот и стабилноста (утилитаристичкиот аргумент!). Ова прашање е поставено, имено, без еуфемистички гимнастики – отворено,  и е поддржано со примери од САД (Прв Амандман) и Европа (Европската конвенција за човекови права – ЕКЧП), што покажува дека се користени релевантни правни и филозофски референци.

Ако сумирам накратко: овој материјал е исклучително квалитетен, бидејќи нуди силна теоретска рамка, поткрепена со релевантни академски референци (Ротштејн, Келман, Галтунг) и конкретни историски и конфликтни искуства (Дејтон, Косово, ИЦТИ, Сиера Леоне итн). Наративниот тек, исто така е конзистентен, додека заклучоците се одговорни и критички.

Ваквите анализи се неопходен интелектуален придонес кон градење на долгорочниот мир, особено во актуелности кои постојано се предизвикувачки од аспект конфликтите.

Уживајте во промислувањето на стварноста.

Извадоци од обраќањето на Ана Чупевска за време на промоцијата на книгата „Конфликт, мир и медиуми“, 17 декември 2025:

„Постојат моменти во животот кога тишината кажува повеќе од кој било напишан збор. Но, вечерва сме собрани за да дадеме глас на еден труд кој во себе носи многу повеќе од само академско знаење. Вечерва зборуваме за книга која е светол патоказ низ еден личен и професионален мрак.

Овој ракопис на Валентин Нешовски стоеше подготвен и созреваше подолго време. Но, животот, во својата непредвидливост и суровост, одлучи неговиот пат до јавноста да биде поплочен со огромна лична жртва. Нешовски одлучи да ја објави оваа книга токму сега, како посвета на својата прерано замината ќерка.

Таа не беше само негова најголема гордост, таа беше негова колешка по вокација, млада личност која својот професионален пат и својата енергија ги насочи токму кон правните и безбедносните науки. Таа веруваше во истите идеали за кои нејзиниот татко теоретски пишуваше – за мирот, за заштитата на човекот, за праведното општество.

Сакам да потенцирам нешто што е надвор од секоја рецензија: Самото објавување на оваа книга, во овој миг и со оваа посвета, е можеби најголемата лекција по етика што некогаш сум ја видела. Тоа е лекција за достоинството, за родителската љубов која се трансформира во општо добро и за професионалниот интегритет кој не запира ниту пред најголемата болка. Оваа книга е ваш заеднички дијалог, споменик на една прекината младост, но и продолжување на нејзината мисија преку твоите зборови.

„Зошто оваа книга е толку болно актуелна токму во овој историски миг?

Денес, додека сведочиме на тектонски поместувања во светскиот поредок – од војната во Украина која ја прецртува мапата на Европа, до длабоките хуманитарни кризи на Блискиот Исток – анализите на Нешовски за „човековата безбедност“ престануваат да бидат теорија и стануваат прашање на опстанок. Живееме во време на „поликризи“ каде социолошката слика на светот е распукана од поларизација, говор на омраза и враќање на милитантниот јазик.

Во ера на вештачка интелигенција и хибридни војни, каде вистината е првата жртва, фокусот на авторот на улогата на медиумите е вистински крик за разум. Денес, повеќе од кога било, гледаме како медиумскиот простор се користи како бојно поле, каде наместо мостови за мир, се градат ровови на омраза. Актуелноста на ова дело лежи во неговата храброст да нè потсети дека геополитиката не е само шаховска табла на големите сили, туку е збир на човечки судбини. Во свет кој повторно се затвора во национални егоизми, оваа книга ни порачува дека безбедноста е или универзална, или ја нема воопшто.

Нешовски нè води низ пресвртната точка на модерната историја – падот на крутиот Вестфалски поредок и раѓањето на концептот на ’мек суверенитет‘. Тој јасно и децидно го аргументира преминот од ладната, државна безбедност кон она што е суштината на нашето постоење – човековата безбедност (human security). Референцата на Косово од 1999 година во книгата служи како парадигма за тој голем цивилизациски скок каде хуманитарниот императив станува поважен од бирократските граници.

Особено значаен е делот каде Нешовски ја отвара вечната дебата: Мир или Правда?

Повикувајќи се на Ротштејн и Келман, тој ни укажува дека ’мир‘ купен со целосна амнестија на злото е само привремен мир. Без симболична правда, без признавање на жртвата, мирот останува кревка илузија. Нешовски разбира дека политиката мора да има човечки лик и дека мирот мора да биде ’втемелен во реалноста‘ за да биде долговечен.“

„Како новинар кој го познава ’пулсот‘ на веста, Нешовски не ја штеди својата професија. Тој нуди решение преку концептот на ’Мировно новинарство‘ (Peace Journalism). Се повикува на етиката на Џон Стјуарт Мил и поставува клучно прашање за нашето време: Каде завршува слободата на говор, а каде започнува одговорноста за општествениот мир?

Валентин, овој труд е твојот професионален триумф. Но, твојата одлука да го споделиш со нас токму денес, како аманет за твојата ќерка, е твојот човечки триумф. Ти благодарам што нè научи дека науката и емоцијата не се исклучуваат, туку кога се споени со ваква чесност, тие го прават светот подобро место.

Ви благодарам.“


Проф. д-р Ана Чупеска, редовен професор на Институтот за политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Tags: Ана ЧупескаВалентин НешовскиконфликтМИР И МЕДИУМИрецензија
Next Post

Советничката група на СДСМ во Град Скопје бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk