ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советничката група на СДСМ во Град Скопје бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

December 21, 2025 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советничката група на СДСМ во Град Скопје денеска на прес-конференција побара итно прогласување еколошка и здравствена кризна состојба, поради, како што истакнаа, алармантното загадување на воздухот во главниот град.

Советничката Катарина Цаневска Арсовска нагласи дека скопјани со денови дишат екстремно загаден воздух и дека, според официјалните податоци, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа.

„Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот“, изјави Цаневска Арсовска.

Таа побара да се донесе одлука со која намалувањето на загадувањето ќе се утврди како приоритет и да се обезбеди приоритетно финансирање на мерките од страна на Град Скопје.

„Досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе. Веројатно поради изјавите на премиерот Мицкоски дека воздухот во Скопје е почист од воздухот во Виена“, додаде таа.

Цаневска Арсовска истакна дека станува збор за сериозен проблем што ги засега сите – деца, млади, возрасни и повозрасни граѓани.

„Ова мора да се промени веднаш. Се работи за здравјето на половина милион жители на Скопје“, порача таа.

Од СДСМ информираа дека Советничката група и коалицијата во Град Скопје веќе поднеле иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје, со цел усвојување заклучоци и итни мерки.

„Бараме поддршка од сите советнички групи за да ја одржиме оваа седница и заедно да донесеме итни мерки, затоа што здравјето на скопјани е во прашање“, рече Цаневска Арсовска.

На вонредната седница, како што најави, СДСМ ќе предложи мерки како бесплатен јавен превоз во деновите со екстремно загадување, обезбедување средства од Владата за филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на буџетски средства за прочистувачи на воздух и еколошко греење за граѓаните, забрана за греење со дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, расчистување на дивите депонии, миење на улиците и зголемување на средствата за еколошки проекти.

Таа остро реагираше и на, како што рече, приоритетите на актуелната власт.

„Не може да има пари за милионски тендери, 9 милиони евра за една фирма или 161 тендер за друга, а да нема пари за здравјето на скопјани. Не може богатењето на поединци во власта да биде поважно од здравјето на граѓаните“, нагласи Цаневска Арсовска.

На крајот, таа повика на заедничка акција.

„Да застанеме сите заедно на страната на скопјани и да делуваме веднаш“, порача таа.

Next Post

Нигериец со американски пасош нападнал полицаец во Градски парк во Скопје, носел и пиштол без дозвола

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk