ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

На која возраст треба да се престане со пиење пиво – британски невролог го има одговорот

December 23, 2025 06:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот невролог д-р Ричард Рестак предупредува дека постои животен праг по кој консумирањето алкохол, вклучително и пивото, станува сериозен ризик за здравјето на мозокот. Според него, тој праг е 65-годишна возраст.

Иако пивото е една од најконсумираните алкохолни пијалаци во светот, проблемот, како што вели Рестак, не е во т.н. „пивски стомак“, туку во нешто далеку посериозно – влијанието на алкохолот врз нервниот систем. Во изјава за порталот LADbible, тој истакнува дека алкохолот е „многу слаб, но постојан невротоксин“, односно супстанција што директно им штети на нервните клетки.

Рестак објаснува дека по 65-тата година започнува поизразено намалување на бројот на неврони и на врските меѓу нив, што доведува до постепено намалување на мозочната маса. Овој процес се поврзува со пад на физичките и когнитивните способности и со зголемен ризик од развој на деменција, особено кај лица кои подолг период консумирале алкохол.

„Во идеален свет, луѓето по 65. година би почнале значително да го намалуваат внесот на алкохол, а до 70. роденден целосно би престанале со консумација“, вели Рестак. Иако здравите навики, како редовно пешачење и физичка активност, можат делумно да го ублажат природното стареење на мозокот, според него најдобрата стратегија е превенцијата – односно избегнување на факторите што дополнително ја забрзуваат штетата.

Неврологот признава дека за многумина откажувањето од алкохол во пензионерските години може да изгледа тешко, бидејќи токму тогаш луѓето чувствуваат дека конечно имаат време за одмор и опуштање. Сепак, тој нагласува дека токму во тој период организмот е најчувствителен на негативните ефекти на алкохолот.

„Силно препорачувам, ако сте на возраст од 65 години или повеќе, алкохолот целосно и трајно да се исфрли од исхраната“, порачува д-р Рестак, додавајќи дека конечната одлука, секако, останува личен избор.

Редакција Фронтлајн

Tags: возрастздравјепиво
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Што се IMAX филмските камери и зошто „Одисеја“ на Нолан не можеше да биде снимена поинаку

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk