ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Објавени 10 гигабајти документи и 400 снимки за Џефри Епштајн

December 23, 2025 13:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Досие Џефри Епштајн. Министерство за правда на САД

Фото: Министерство за правда на САД

Share on FacebookShare on Twitter

Американското Министерство за правда објави нов, досега најголем пакет документи за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн, тежок 10 гигабајти со 11.000 датотеки, меѓу кои има и 400 видеоснимки, аудиоснимки и истражни материјали.

Од петокот тоа е осмо објавување на документи од истрагата против Епштајн.

Претседателот на САД, Доналд Трамп првпат ги коментираше објавените документи, истакнувајќи оти тоа е обид да се одвлече вниманието од постигнувањата на неговата Републиканска партија.

– Најверојатно ќе се објавуваат фотографии од други луѓе кои пред многу години, многу одамна невино се запознале со Џефри Епштајн, а станува збор за угледни банкари, адвокати и други. Но, тие се на фотографиите со него бидејќи бил на некоја забава, а со тоа на некого му се нарушува угледот, истакна Трамп.

Тој постојано негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн, наведувајќи дека биле пријатели до 2004 година.

Досиејата треба да откријат со кои моќни луѓе Епштајн се дружел пред да биде осуден во 2008 година за наведување малолетничка во проституција. Како и детали за неговото самоубиство во 2019 година во затворот во Менхетн откако беше уапсен за сексуални злосторства.

Епштајн во 2008 година постигна спогодба со обвинителите откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле во полицијата во Флорида дека тој ја злоупотребил нивната ќерка во неговата вила во Палм Бич. Потоа беше осуден за подведување малолетник, регистриран како сексуален престапник, и благодарение на спогодба за признавање на вина, избегна построга затворска казна.

Единаесет години подоцна, тој беше обвинет за водење мрежа од малолетни девојки за обезбедување сексуални услуги. Почина во затвор чекајќи судење, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

Посебна истрага беше спроведена и против неговата британска колешка и поранешна девојка Гилејн Максвел, која во 2021 година беше осудена за заговор со Епштајн за трговија со девојки за сексуални цели. И Епштајн и Максвел беа предмет на граѓански тужби.

Next Post
Фото: Скриншот, Јутјуб видео ФК Ливерпул

(ВИДЕО) Исак опериран, ќе отсуствува од терените неколку месеци

Shortcut

Најново

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

June 7, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk