ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Ангеловски за изборот на Седлоски: Македонскиот фудбал ова не го заслужува

December 24, 2025 10:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, со остра и јавно објавена реакција го критикуваше раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод именувањето на Гоце Седлоски за нов селектор, оценувајќи го процесот како несериозен и штетен за националните интереси.

„Селекторот Гоце Седлоски – ни риба ни девојка! Несериозен пристап на раководството на ФФМ и Управниот одбор, најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор за клучните натпревари за пласман на Светско првенство, што претставува национално прашање“, напиша Ангеловски.

Тој нагласува дека не е суштинско дали одлуката била донесена преку комисија или директно од Управниот одбор, туку дека проблемот е во целокупниот пристап. „Комисија или одлука на УО – сеедно е. При избор на селектор мора да има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки и импровизации“, истакнува поранешниот селектор.

Ангеловски директно ги повика и членовите на комисијата кои учествувале во процесот да излезат јавно и да застанат зад одлуката. „Колеги кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате – ве молам да не ми се јавувате. Одважете се и излезете јавно. Сите сте докажани и реализирани фудбалски професионалци. Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат ‘фудбалски стаорци’?“, напиша тој.

Како дополнителна причина за јавното обраќање, Ангеловски ја наведува и атмосферата на незадоволство што ја почувствувал меѓу тренерската фела. „После сè што слушнав на денешниот семинар за тренери со про-лиценца, кој се одржуваше во исто време кога беше промоцијата на новиот селектор во хотелот ‘Хилтон’, и тоа од огромен број мои колеги, решив јавно да го изнесам мојот став“, наведува Ангеловски.

Во својата објава, тој испраќа и порака до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. „Ако еден зборува, тогаш или е до него или е до тебе. Ако зборуваат двајца или повеќе – тогаш, г. Омерагиќ, треба да се замислиш“, порача Ангеловски, завршувајќи со оценка дека „македонскиот фудбал ова не го заслужува“.

Игор Ангеловски е селекторот кој ја предводеше македонската репрезентација до најголемиот историски успех – пласманот на Европското првенство, заедно со целиот стручен штаб, играчите и техничко-медицинскиот персонал.

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, вчера ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски.

– Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме. Сакам да видам тим, кој ќе се бори до последната минута и очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најголеми услови, а од поддршка од најблискиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав, изјави новиот селектор Гоце Седлоски.

Долгогодишниот капитен на А репрезентацијата Горан Пандев со свое видување за новиот селектор.

– Му честитам на Седлоски. Го знам многу години, сме играле заедно. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер. Тој е млад перспективен тренер, а знам и дека пред нас следи работа и верувам во него и му посакувам успех, изјави Горан Пандев.

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ја образложи одлуката за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим:
– Упатувам благодарност до Благоја Милевски за досегашните резултати. Но, во фудбалот се случуваат промени и сега имаме нов селектор. Заклучивме дека на репрезентацијата и треба нова енергија, за да може да оствариме голем резултат пласман на Светско првенство. И самиот настап во баражот за нас е успех. Седлоски има „фајтерски“ карактер, а таков беше и како играч. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот.

Своето деби на клупата на Македонија, Седлоски кој има одиграно 100 натпревари за националниот тим ќе го има во Копенхаген против Данска во баражот за пласман на Светското првенство.

Tags: АнгеловскиСедлоскиФФМ
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Семењо го одбра Манчестер Сити пред Ливерпул, објави Орнштајн

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk