ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Венус Вилијамс се омажи: Тениската легенда во брак со италијанскиот актер Андреа Прети

December 24, 2025 06:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

По низа свадбени свечености во изминатите месеци, легендарната тенисерка Венус Вилијамс (45) официјално потврди дека стапи во брак со италијанскиот актер и продуцент Андреа Прети (37), со кого е во врска од 2024 година.

Парот првпат го изговорил судбоносното „да“ на интимна церемонија во септември 2025 година на италијанскиот остров Ишија, локација која првично ја замислиле како место за главната свадба. Сепак, административните процедури за странски државјани во Италија ги принудиле да ја променат динамиката на прославата.

„Имавме сон свадбата да биде во Италија, но документацијата трае и до осум месеци. Затоа решивме да имаме повеќе церемонии“, изјави Вилијамс за Vogue.

Повеќедневна свадбена прослава во САД

Само три месеци подоцна, двојката ја одбележа својата љубов со голема, повеќедневна свадбена прослава во Палм Бич, Флорида. Настаните започнале шест дена пред главната церемонија, со семејна прослава на јахта, организирана од сестрата на Венус – Серена Вилијамс.

Следеле девојачка забава со будоар-тема, свечена вечера во ексклузивен клуб во Мајами, спортски ден со натпревари, како и низа приватни забави покрај базен во домот на парот.

На 20 декември, Венус и Андреа и формално го озакониле бракот на приватна церемонија во Градската куќа во Мајами.

„Не можам да опишам колку беше убаво, мирно и возвишено. Беше сон“, изјави Венус, додека Прети додаде дека токму таа церемонија за него била „длабоко емотивна и единствена“.

Венчаница по мерка и завети на два јазика

За финалната церемонија во нивниот дом, повеќекратната Grand Slam шампионка до олтарот чекорела со песната „Ovunque Sarai“ од италијанскиот пејач Ирама, облечена во венчаница по мерка на дизајнерот Жорж Хобеика.

Свадбената придружба, меѓу која и сестрите Серена Вилијамс, Иша Прајс и Линдреа Прајс, носела елегантни костуми по мерка, додека гостите од страната на младоженецот биле облечени во порелаксиран стил.

Парот сам ги напишал своите завети – Венус ги изговорила и на италијански и на англиски јазик, како симбол на нивната заедничка приказна.

По свечениот чин, младенците влегле на приемот со песната „Signed, Sealed, Delivered“ од Стиви Вондер, а првиот танц го одиграле на „I Only Have Eyes for You“ од групата The Flamingos. Прославата продолжила до раните утрински часови.

„Тоа беше најсреќниот и најубавиот ден“, изјави Венус Вилијамс.

Tags: Андреа ПретибракВенус Вилијамс
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Расел Бренд се соочува со нови обвиненија за силување на една жена и сексуален напад врз друга

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk