ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски: Наследивме 40 милиони, денес Град Скопје има 400 милиони денари на сметката

December 25, 2025 12:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот, на која се разгледуваше Буџетот на Град Скопје за 2026 година, изјави дека градот бил затекнат со катастрофална финансиска и институционална состојба, но дека во краток период се постигнати резултати кои водат кон стабилизација и одговорно управување, соопштуваат од Град Скопје.

Ѓорѓиевски посочи дека по преземањето на функцијата, на сметката на Град Скопје имало само 40 милиони денари, додека денеска, според неговите зборови, состојбата изнесува 400 милиони денари. Тој наведе дека уште првиот работен ден од мандатот биле затекнати извршни решенија за наплата од 48 милиони денари, како и дополнителни три милиони денари по основ на спогодби.

Градоначалникот истакна дека во претходниот период, за девет месеци биле реализирани приходи од околу 2,85 милијарди денари, што претставува просек од околу 317 милиони денари месечно. За споредба, според него, во рок од 40 дена биле реализирани приходи од над 659 милиони денари.

Ѓорѓиевски изјави дека Град Скопје наследил презадолжени јавни претпријатија и институции, како и обврски кон добавувачи во износ од 330 милиони денари, кои, според него, биле намалени на 236 милиони денари. Тој додаде дека наследството од претходните раководства опфаќа и активни судски постапки во вредност од 2,9 милијарди денари.

Во однос на јавните претпријатија, градоначалникот посочи дека со ребалансот на Буџетот биле обезбедени средства за исплата на заостанатите плати, при што, како пример, го наведе ЈП „Паркови и зеленило“, каде биле исплатени придонесите и дел од платите.

Ѓорѓиевски информираше и за инвестиции во образованието, наведувајќи дека се градат спортски терени во шест средни училишта, се набавува ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, прочистувачи на воздух и нов мебел за училниците.

Како дел од инфраструктурните проекти, тој ги спомена обезбедените средства за Луна паркот, првата фаза од подземната сообраќајница кај „Лимак“, кружниот тек во Ѓорче Петров, како и реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром. Според неговите зборови, решена е и експропријацијата кај Момин Поток, а во тек се активности за откочување на други заглавени проекти.

Градоначалникот соопшти дека е постигната и спогодба со Владата, со која ќе бидат обезбедени 360 милиони денари во период од три години за студентскиот превоз.

На крајот од обраќањето, Ѓорѓиевски изјави дека Град Скопје повторно се чисти и се уредува, истовремено добивајќи новогодишен изглед и програма за граѓаните.

Tags: Орце ЃорѓиевскиСкопје
Next Post
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише балансерот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk