ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ денеска обвини дека со одобрение на Владата предводена од Христијан Мицкоски, ги купила и акциите што државата ги управувала како конфискуван имот на Сашо Мијалков, оценувајќи дека станува збор за „уште една серија сомнителни поврзувања и интереси“.

„Со одлука на Владата на Мицкоски, Алта банка го купи и пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот на Сашо Мијалков. Случајно?“, прашуваат од СДСМ во соопштението.

Од партијата наведуваат дека, според нив, постојат „премногу случајности“ поврзани со Алта банка и политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела структура на ВМРО е поврзана со Алта банка“, тврдат од СДСМ.

Како примери, од опозициската партија наведуваат дека за член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Случајно?“, прашуваат од СДСМ.

Дополнително, во Надзорниот одбор, според СДСМ, се наоѓа Стевчо Јолакоски, за кого велат дека е баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во Владата.

„Случајно?“, повторуваат од партијата.

Во соопштението се споменуваат и имиња од менаџерскиот тим на банката, меѓу кои и Лидија Неделкова, како и Марјан Закев. За Закев, СДСМ наведува дека во минатото бил сопственик и управител на фирма во која во 2014 година влегла компанијата „Ексико“ Скопје.

„Тоа е фирма која во јавноста е позната по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот ‘Империја’. Тоа е истиот предмет во кој се запленети и акциите“, се вели во соопштението.

Од СДСМ дополнително поставуваат прашање дали по купувањето на акциите, фирма блиска до Мијалков, на негова блиска пријателка, исплатила „огромна количина пари во кеш, приближно до вредноста на купените акции“, преку домашна банка.

„АКТ следи внимателно. Секако дека ништо од ова не е случајно. Сè е јасно“, порачуваат од СДСМ.

Опозициската партија заклучува дека, според нив, станува збор за уште една потврда на, како што велат, „скандалите кои ги отвора АКТ на СДСМ“, оценувајќи дека актуелната власт е „најкорумпираната влада во Европа“.

„Затоа техничката влада мора да остане“, се вели во соопштението на СДСМ.

Next Post

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk