Принцот Хари би можел следната недела да се врати во Лондон поради судски процес, додека неговиот брат Принцот Вилијам и неговата сопруга Катерина, Принцезата од Велс ќе бидат стотици километри подалеку од британската престолнина, на службена посета во Шкотска.
Војводата од Сасекс треба да отпатува во Лондон поради почетокот на судењето против британската издавачка компанија Associated Newspapers, која ги издава весниците Daily Mail, Mail on Sunday и порталот MailOnline. Судскиот процес започнува во понеделник.
Принцот Хари ја тужи компанијата поради, како што наведува, објавување приватни писма и наводно клеветнички содржини во овие медиуми.
Неговиот однос со членовите на поширокото кралско семејство, особено со постариот брат Вилијам, останува затегнат. Британските медиуми наведуваат дека двајцата браќа наводно не разговарале повеќе од три години. И за време на последната посета на Хари во Велика Британија, тие ги избегнувале меѓусебните средби, извршувајќи одделни обврски на различни локации.
Во меѓувреме, потврдено е дека принцот и принцезата од Велс во вторник, вториот ден од судењето, ќе престојуваат во Шкотска. Тие ќе имаат еднодневна посета на Falkirk и Stirling, каде што ќе се сретнат со британските олимписки и параолимписки репрезентации во карлинг, во пресрет на Зимските олимписки и параолимписки игри.
Како што е најавено, Вилијам и Кејт ќе посетат и студио за рачно ткаење, како и независна хуманитарна организација во Стирлинг.





