ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трамп сака план за „брз и одлучен“ напад врз Техеран за да избегне долготраен конфликт

January 15, 2026 10:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори.

Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир.

Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите во Иран, дека ако властите продолжат да ги убиваат, САД ќе го нападне Иран.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи во вчерашното интервју за американската телевизија „Фокс њуз (Fox news) го предупреди Трамп да не ги повторува грешките од претходните воени судири, нагласувајќи дека Техеран е подготвен за дипломатија.

– Мојата порака е, не ја повторувајте грешката што ја направивте во јуни. Ќе го добиете истиот резултат … Знаете, ги уништивте објектите во јуни, но технологијата не може да се бомбардира, ниту решителноста не може да се бомбардира, изјави Арагчи алудирајќи на американските напади врз три нуклеарни објекти во Иран, како дел од 12-дневната војна меѓу Иран и Израел.

Тој наведе дека Техеран немал позитивно искуство во преговорите со САД, но сепак Иран е подготвен за преговири и дипломатија.

– Имаме докази дека во текот на изминатите 20 години, САД секогаш бегале од дипломатијата, по војна ја стопирале дипломатијата. Мојата порака е дека помеѓу војната и дипломатијата, дипломатијата е подобар пат. Иако немаме позитивно искуство од САД, дипломатијата е сепак многу подобра од војната, посочи Арагчи.

Тој, исто така потенцира оти дека Техеран нема никакви планови за егзекутирање на учесниците во масовните протести во Иран.

Трамп, во интервју за „Си-би-ес њуз“ пред два дена, предупреди дека ќе преземе многу силни мерки ако Иран почне да ги беси демонстрантите. Но, тој вчера изјави оти се намалиле убиствата извршени од иранските власти при задушување на протестите и оти „веродостојни извори“ тврдат дека засега не се планирани масовни егзекуции.

Организацијата „Активисти за човекови права во Иран“ (Human Rights Activists in Iran), со седиште во САД, соопшти дека за време на протестите во Иран загинале 2.571 човек, а приведени се 18.100 луѓе.

Иранските власти најавија брзи судски процеси против приведените демонстранти. Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, најави дека демонстрантите ќе бидат обвинети како непријатели на Бога, за што, во согласност со иранските закони, предвидена е смртна казна, која се извршува со бесење.

Во меѓувреме, голем број земји им препорачаа на своите граѓани да не патуваат во Иран или да ја напуштат земјата. Велика Британија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран.

Трамп вчера ги повика Американците да го напуштат Иран, а повлечен е и дел од персоналот во американската воена база во Катар, како „мерка на претпазливост“.

Иранскиот воздушен простор вчера беше затворен речиси пет часа, поради што голем број летови беа откажани, одложени или пренасочени. Воздушниот простор не беше затворен само за меѓународните летови, што можеа да се реализираат само со официјална дозвола.

 

Tags: ИранТрамп
Next Post

Новиот систем ЕЕС создава хаос и редици до три часа

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk