ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Фон дер Лајен и комесарите нема да се појават на дебатата за недоверба на извршното тело на ЕУ

January 16, 2026 11:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Европски парламент

Фото: Европски парламент

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не се очекува да присуствува на дебатата во Европскиот парламент по иницијативата за изгласување недоверба на извршното тело на ЕУ покрената од десничарската група Патриоти за Европа, што треба да се одржи в понеделник во Стразбур.

Според извори во Европската комисија, покрај Фон дер Лајен на дебатата нема да присуствуваат ниту останатите членови на Колеџот на комесари, со исклучок најверојатно на еврокомесарот за трговија Марош Шефчович, имајќи предвид дека дебатата за недоверба се покренува поради склучувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, што треба да биде потпишан утре во Парагвај.

Ова е четврта инцијатива за гласање недоверба на Европската комисија во изминатава половина година, но прва на кој се најавува неприсуство на еврокомесарите. За разлика од ова на претходните три парламентарни дебати Европската комисија беше присутна во полн состав на чело со Фон дер Лајен.

Новата иницијатива за недоверба на ЕК ја најави лидерот на ПФЕ, Жордан Бардела минатиот четврток во пресрет на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите на ЕУ (Корепер), на кое и покрај противењето на Франција и уште неколку други членки, беше донесена одлука за потпишување на Договорот.

За покренување на иницијатива за недоверба на Европската комисија потребна е поддршка од најмалку една десетина европратеници или во случајов 72.

Уште пред доставувањето на оваа четврта иницијатива беше иницирана расправа за промена на минималниот праг за покренување ваков предлог, но раководството на Европскиот парламент засега не презеде ништо, стравувајќи дека таквата одлука би можела да биде искористена за обвинувања за цензура и за ограничување на правата на европратениците.

Инаку, според дневниот ред на јануарската сесија на Европарламентот, дебатата по иницијативата за недоверба на ЕК треба да се одржи в понеделник вечер, а гласањето по неа е предвидено за в четврток.

Tags: ЕКЕПиницијатива
Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Пентагон подготвува масовно воено засилување за Блискиот Исток

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk