ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мицевски: Македонскиот филм мора да стигне до домашната публика

January 23, 2026 08:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На прес-конференција на која беше најавен уште еден успех на македонската кинематографија – дебитантскиот долгометражен филм „17“, поддржан од Агенцијата за филм, кој ќе ја има својата светска премиера на претстојниот Берлински филмски фестивал – во присуство на режисерката Митиќ и продуцентот Салковски, се обрати и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој изрази став дека едно од клучните прашања за македонската кинематографија денес е односот меѓу филмот и домашната публика.

Тој истакна дека иако фестивалските успеси се исклучително важни за меѓународната промоција на македонскиот филм, загрижувачки е фактот што огромен дел од филмовите финансирани со буџетски средства не стигнуваат до гледачите во сопствената држава. „Филмовите што ги финансира Агенцијата за филм се направени со пари на даночните обврзници. А реалноста е дека околу 90 проценти од тие филмови не стигнуваат до луѓето што ги финансираат – до нашата публика“, нагласи Мицевски.

Според него, Агенцијата за филм во моментов активно работи на изнаоѓање решенија, во рамки на постојната легислатива, со кои ќе се овозможи филмовите што живеат на фестивалската сцена да добијат реален живот и пред домашната публика. Во таа насока, како што посочи, неопходно е повеќе институции да ги отворат своите врати за македонскиот филм и да се создадат соодветни простори за прикажување на европски и македонски арт-хаус филмови.

Мицевски информираше и дека во Агенцијата е започнат процес на ревидирање на критериумите за доделување средства, при што во иднина ќе се зема предвид и колку претходните филмови на одредени автори и продуценти биле реално прикажувани и гледани во Македонија. Тој потенцираше дека не е доволно филмот административно да постои преку една фестивалска проекција, туку дека мора да има вистинска комуникација со публиката.

Дополнително, најави засилена контрола на законската обврска филмовите, по завршувањето на фестивалскиот циклус, да бидат понудени за бесплатно прикажување на Македонската радио-телевизија, со цел тие да станат достапни за пошироката јавност. Доколку оваа обврска не се почитува, како што рече, ќе следуваат сериозни санкции, вклучително и можност за долгогодишна забрана за идно финансирање.

„Бројките со кои располагаме се навистина поразителни. Имаме филмови во кои државата вложила значителни средства, а кои во текот на еден месец ги гледале неколку десетици луѓе“, истакна Мицевски, додавајќи дека токму затоа Агенцијата ќе настојува податоците за гледаност да имаат реално влијание при идните конкурси.

На крајот, тој потенцираше дека интернационалната промоција останува важна цел, но дека таа мора да оди рака под рака со обврската македонскиот филм да биде видлив и дома. „Мора да ја вратиме публиката во кината и да создадеме услови македонскиот филм да живее меѓу своите гледачи. Ќе ги активираме сите можни механизми за тоа да се случи“, порача Мицевски.

Next Post

Потврден македонскиот тим за Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk