Американската актерка, музичарка и модна икона Тејана Тејлор го привлече целото внимание на Париската модна недела, појавувајќи се во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli, одржана во Petit Palais.
Само неколку дена по своето деби како водителка на Saturday Night Live, Тејлор пристигна во Париз и се појави во целосно провидна црна чипкана комбинација и молив-здолниште од Chantilly чипка, без поставa, надополнети со црн смокинг-мантил префрлен преку рамениците.
За разлика од другите ѕвезди присутни на ревијата, меѓу кои и Деми Мур, Лорен Санчез и Џоди Тарнер-Смит, кои се одлучија за класични костуми и вечерни фустани, Тејлор направи моден исчекор со изразено авангардна естетика.
Централниот елемент на изгледот беше античка сребрена круна украсена со бисери и кристали, дополнета со лустер-брош со јазол од светкави камења и масивен накит, со што Тејлор уште еднаш ја потврди својата препознатлива смелост на модната сцена.
Според Vanity Fair, круната и брошот се инспирирани од накит украден од Лувр во октомври минатата година – мотив што дополнително ја засилува надреалистичката симболика карактеристична за модната куќа Скијапарели.
Ова не е првпат Тејлор да соработува со брендот. Неодамна таа се најде на сите листи за најдобро облечени на Наградите за Златен глобус, во скулптурална црна креација на Скијапарели, како и на премиерата на филмот All’s Fair во Париз, каде се појави во златна металик мрежа.
Со почетокот на наградната сезона, модните критичари очекуваат Тејана Тејлор и во наредните месеци да продолжи да доминира на црвените теписи со впечатливи и концептуални креации на Скијапарели.
Редакција Фронтлајн





