ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нова.рс: Вучиќ со планот „Србија 2035“, припрема „операција Белорусија“

February 4, 2026 07:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно покажува амбиција да остане на власт уште долго време, оценува српскиот портал Нова.рс, анализирајќи ја најавата за планот „Србија 2035“, кој треба да биде претставен на голем митинг во Белград во март.

Иако содржината на планот засега не е позната, според Нова.рс, самата идеја за долгорочен план до 2035 година укажува на намерата на Вучиќ да ја задржи власта уште речиси една деценија, преку преземање на премиерската функција, бидејќи по Устав повеќе не може да биде претседател.

Порталот оваа стратегија ја опишува како своевидна „операција Белорусија“, со паралели со моделот на владеење на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Ќе го претставиме планот „Србија 2035“

Вучиќ минатата недела најави дека околу 20 март ќе биде организиран голем собир пред Народното собрание или на Плоштадот Република во Белград, каде што ќе биде претставен планот „Србија 2035“.

„Ќе почекаме да им поминат сите годишнини и некаде на 20, 21 или 22 март ќе претставиме пред голем број граѓани на собир програма ‘Србија 2035’, за да покажеме колку ги почитуваме луѓето, што сме направиле и да ја претставиме програмата што ќе ја направиме“, изјави Вучиќ.

Претходно тој најави дека планот се подготвува веќе извесно време и дека ќе се обиде да го претстави до 1 март.

Удар врз обвинителството

Нова.рс потсетува дека амбициите на Вучиќ да остане на власт со децении не се новост, наведувајќи ги неговите блиски односи со повеќе европски и светски автократи. Како најочигледен пример се наведува врската со белорускиот лидер Лукашенко, кој е на власт повеќе од 30 години.

Во тој контекст, порталот предупредува дека Србија веќе сведочи на сериозен удар врз обвинителството. Според оценките на експерти, измените на законите, усвоени неодамна во српскиот парламент и потпишани од Вучиќ, целосно ги менуваат надлежностите и структурата на обвинителството и го парализираат работењето на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Со измените, се менуваат и овластувањата на Високиот совет на обвинителството, а според Нова.рс, најмногу ќе профитира главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кој ќе може да постапува без суштинска контрола.

„Апсолутната власт никогаш не се напушта доброволно“

Уредникот на „Нова српска политичка мисла“, Ѓорѓе Вукадиновиќ, за Нова.рс изјави дека амбицијата на Вучиќ да владее „доживотно“ не е изненадување.

„Тоа беше јасно уште кога доаѓаше на власт. Сите најави за повлекување беа само замајување и заспивање на противниците. Апсолутната власт никогаш не се напушта доброволно и без причина“, изјави Вукадиновиќ.

Тој оцени дека со планот „Србија 2035“ Вучиќ практично отворено ги објавува своите намери.
„Може да каже дека планот нема врска со него, туку со Србија. Јасно е дека планира да стане премиер и да ротира функции, но да ја задржи апсолутната власт. Небитно е како ќе се вика функцијата – и портир да е во Владата, палката ќе биде кај него“, додаде Вукадиновиќ.

„Игра на сè или ништо“

Слична оценка даде и Срѓан Цвијиќ, поранешен дипломат и претседател на Меѓународниот советодавен одбор на Белградскиот центар за безбедносна политика.

„Свесни се дека заминувањето од власт не значи само политичка пензија, туку и можни кривични постапки. Ова е игра на сè или ништо и претседателот има намера да остане на власт доживотно“, изјави Цвијиќ.

Тој потсети дека Србија и претходно видела долгорочни планови и визии, како „Србија 2025“ и подоцнежниот план до 2027 година, поврзан со изложбата ЕКСПО, вреден 17,8 милијарди евра, оценувајќи дека ваквите програми служат пред сè за продолжување на владеењето, а не за реална економска анализа.

Редакција Фронтлајн

Tags: Вичиќоперација БелорусијаСрбија 2035
Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Втора рунда преговори Русија–Украина–САД во сенка на бомбардирањето на украинската инфраструктура

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk