ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата се заплетка во сопствената кампања – ако имало 40 тони нелегаленен канабис, што правела власта две години – прашува СДСМ

February 7, 2026 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ обвини дека власта сè уште нема дадено одговори за, како што го нарекуваат, „картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија“, која била запленета во соседна Србија.

„Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија. И после цела недела нема одговор – како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата бараат јасна одговорност од врвот на власта и поставуваат прашање дали зад случајот стојат лица од институциите.

„Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“, наведуваат од СДСМ.

Според нив, ваков обем на шверц не е можен без институционална поддршка.

„Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина и во други институции, не може да се шверцуваат 5 тони дрога“, велат од опозициската партија, додавајќи дека поврзаноста на криминални структури од Македонија и Србија е „пред очите на јавноста“.

Во соопштението се посочува дека молкот на власта е индикативен.

„Молкот од власта е најсилна потврда“, сметаат од СДСМ.

Дополнително, од партијата наведуваат дека владините соопштенија за заплени на канабис отвораат нови сомнежи, наместо да ги расчистат постојните.

„Со медиумска кампања за заплени на канабис, власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана, тогаш што правела власта изминатите две години?“, прашуваат од СДСМ.

По „корнишоните“ во Србија, МВР влезе во ОХИС и заплeни марихуана – ПР маневар или вистинска борба против криминалот?

Според нив, одговорност мора да има и кај институциите надлежни за производството на медицински канабис.

„Постои точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис, за што се надлежни повеќе институции. Ако незаконски се произведени 40 тони, владата мора да одговори – кој од врвот на власта ќе понесе одговорност?“, се наведува во соопштението.

Ј. Ѓ.

Tags: ВладаЗапленаканабис
Next Post

Андреа Бочели, Мараја Кери, Виторија Черети и олимпискиот завет: спектакуларно отворање на ЗОИ 2026 во Милано

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk