ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

ФК Победа – Прилеп се повлекува од натпреварувањата поради блокирана сметка и тешка финансиска состојба

February 10, 2026 14:03
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Logo Mockup Collection by Asylab

Logo Mockup Collection by Asylab

Share on FacebookShare on Twitter

Фудбалскиот клуб ФК Победа – Прилеп информира дека сениорската екипа нема да може да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска фудбалска лига, поради, како што се наведува, крајно тешка финансиска состојба и блокирана сметка.

Од клубот соопштуваат дека во април 2025 година дошло до промена на мнозинскиот акционер, но новиот сопственик изразил став дека не сака да го води клубот. Поради тоа, на единственото легитимно и законско акционерско собрание не биле назначени лица кои би раководеле со клубот, ниту бил избран извршен директор.

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во август, биле направени обиди за изнаоѓање заедничко решение со градоначалникот и Прилеп, по што, поради кратките рокови, било донесено привремено решение и било назначено одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнаоѓање долгорочно решение.

На Советот на Општина Прилеп била изгласана одлука за доделување еднократна финансиска помош во износ од еден милион денари, но средствата, како што наведуваат од клубот, не биле исплатени поради распишувањето на локалните избори и до денес не се реализирани. Од ФК Победа посочуваат дека токму оваа исплата била услов клубот да може да се натпреварува во сезоната 2025/2026 во ВМФЛ.

„Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација“, се наведува во соопштението, поради што сениорскиот тим не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората лига.

Од ФК Победа порачуваат дека со ова ја информираат фудбалската и спортската јавност за реалната состојба во клубот.

Tags: ПрилепФК Победа
Next Post

Мицкоски: Блокадите од ССМ имаат политичка заднина, Владата постигна историски договор со синдикатите

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk