ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026 12:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По успешното отворање на февруарската концертна серија, Институтот FAME’S продолжува со втората концертна вечер на 17 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија, со проектот „Пронаоѓање на ритамот“. Концертот претставува кулминација на интензивна едукативна програма во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа, овојпат насочена кон истражување на ритамот како клучен елемент на музичката комуникација.

Проектот „Пронаоѓање на ритамот“ се фокусира на дијалогот меѓу класичната музика и џезот, отворајќи простор за истражување на импровизацијата, ритмичката флексибилност и заедничката музичка интеракција. Во текот на повеќедневната работа, учесниците соработуваат со диригентот Тимоти Редмонд и џез тапанарот Даглас Маринер, развивајќи нов пристап кон оркестарското музицирање во кое прецизноста и слободата се надополнуваат.

Концертната програма е осмислена како звучно патување низ различни ритмички структури и музички влијанија инспирирани од џезот, блузот и урбаните музички изрази на дваесеттиот век. Наместо строга жанровска поделба, концертот нуди интеграција на традициите преку заедничкиот импулс на ритамот.

„Кога музичари од различни традиции работат заедно, ритамот станува нивниот заеднички јазик. Се работи за слушање, реакција и доверба – процес што создава вистинска сценска енергија,“ истакнува Тимоти Редмонд.

Даглас Маринер додава дека ваквите проекти овозможуваат автентичен дијалог меѓу жанровите, без да се изгуби нивниот индивидуален уметнички идентитет, туку напротив – да се истакне нивната комплементарност.

Со концертот „Пронаоѓање на ритамот“, Институтот FAME’S ја продолжува својата февруарска концертна серија, нудејќи ѝ на публиката современ модел на оркестарска едукација, во кој младите музичари стекнуваат искуство преку директна соработка со врвни интернационални уметници и сценска изведба пред публика.

Картите за концертот се достапни преку продажната мрежа на MK Tickets.

Доколку сте заинтересирани за гостување во вашата програма поврзано со овој настан, ве молиме да се јавите на 02 5123 156 или на 071 453 252.

Институтот „FAME’S“ е еден од водечките центри за оркестарски снимања и музичка едукација во Европа. Лоциран во Скопје, Македонија, институтот е посветен на создавање уникатни музички искуства преку едукативни програми, работилници и концерти кои инспирираат млади музичари од целиот свет. Нивните програми нудат можност за професионално усовршување во соработка со водечки уметници и диригенти, промовирајќи ја моќта на музиката како универзален јазик.

Тимоти Редмонд е британски диригент и професор на Ѓилдхолската школа за музика и драма во Лондон. Неговата кариера опфаќа соработки со водечки британски оркестри и престижни оперски куќи во Европа и САД. Познат е по својот динамичен и комуникативен пристап кон оркестарската работа.

Даглас Маринер е џез тапанар од Њујорк со силна класична основа и богато интернационално искуство. Неговата работа се фокусира на истражување на ритамот како точка на поврзување меѓу класичната и џез традицијата, создавајќи простор за современа музичка соработка.

 

Next Post

Германскиот канцелар Мерц: Светскиот поредок каков што го знаевме повеќе не постои

EVN

НАЈНОВО

ГЕОПОЛИТИКА: Реториката на „завршувањето на војните“

March 8, 2026
Фото: Скриншот

Експлозија пред американската амбасада во Осло – оштетен влезот, нема повредени

March 8, 2026
Неапол, Италија. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Јадење во Италија? 10 грешки што туристите ги прават секој ден

March 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Овенот секогаш оди прв – и зошто тоа го чини многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk