ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ ја блокира Владата – бара 600 евра минимална плата и раст на другите плати за 6.000 денари

February 17, 2026 06:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во 11 часот ќе ја блокира Владата како дел од синдикалните активности за зголемување на платите, најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на прес-конференција.

Ова е третата најавена блокади, откако претходно беше блокирано Собранието и Стопанската комора. Работниците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.

Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на разбирање ќе организираат уште еден протест и генерален штрајк.

Според најавата, блокадата ќе биде симболично спроведена од 21 синдикален претставник, што претставува законски минимум за организирање ваква форма на протест.

„Владата ќе биде блокирана од точно 21 човек, затоа што согласно Законот за јавни собири тоа е законскиот минимум за да ја блокираме некоја институција или сообраќајница“, изјави Трендафилов.

Тој посочи дека блокадата е резултат на незадоволството од тоа што Владата и работодавачите не постигнале договор за зголемување на минималната плата до крајот на 2025 година.

„Последната блокада е токму пред Владата, затоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период. Само вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари, што значи дека едно четиричлено семејство е посиромашно за истиот износ“, рече Трендафилов.

Тој додаде дека синдикатите и работодавачите минатата година се договориле за зголемување на платите за најмалку 6.000 денари, но дека Владата не обезбедила поддршка преку ослободување од придонеси, што според него го чини државниот буџет најмалку 120 милиони евра годишно.

Претседателот на ССМ нагласи дека работниците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати, предупредувајќи дека доколку барањата не бидат исполнети, можно е да се организира генерален штрајк.

„Сојузот на синдикатите на Македонија ќе донесе одлука за организирање на генерален штрајк. Тој може да трае 24 часа и ќе биде организиран на територијата на целата држава“, изјави Трендафилов.

Тој додаде дека синдикатите веќе добиваат силна поддршка од работниците и најави можност за масовни протести во наредниот период.

„Веројатно, следниот период ќе излеземе 20.000 работници на улица и многу повеќе од тоа“, рече претседателот на ССМ.

Од ССМ посочуваат дека денешната блокада е дел од пошироките активности за притисок врз институциите со цел да се обезбеди зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

Трета блокада на ССМ пред голем протест и генерален штрајк

Првата блокада на ССМ, пред Собранието беше реализирана затоа што, како што беше кажано, пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата иницијатива на ССМ за намалување на функционерските плати за 80 проценти.

На втората блокада, пред Стопанската комора ССМ испрати порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.

Доколку ваквите активности на синдикатот не резултираат со позитивен исход, најавен е уште еден протест кој ќе биде организиран во неработен ден за да му се даде можност на секој работник кој сака да присуствува, како и организирање генерален штрајк.

Барањата за зголемување на платите ССМ ги темели на зголемувањето на животните трошоци и зголемувањето на минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство кои во јануари, според пресметките на ССМ, се зголемени за речиси илјада денари.

СДСМ поднесе законското решение кое ги инкорпорира барањата на синдикатите и работниците

Пратениците на СДСМ на 10 февруари ја напуштија собраниската седница откако мнозинството одби Законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието се одвиваше блокада организирана од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Од СДСМ информираат дека нивните пратеници побарале дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги инкорпорира барањата на синдикатите и работниците, но предлогот не бил ставен на гласање.

Филипче изјави дека законот повторно се поднесува откако претходно бил вратен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради, како што рече, наводни технички недостатоци.

Мицкоски смета дека блокадите се политички мотивирани

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на платите на вработените за 40 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека со ова Владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги.

Во врска со блокадите од страна на ССМ, премиерот Мицкоски смета дека и таа и протестите се политички мотивирани.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: блокадаВладаССМ
Next Post

Од „Кум“ до Оскар: како Роберт Дувал стана холивудска легенда

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk