ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Блокада на ССМ пред Стопанската комора – работниците бараат минимална плата од 600 евра

February 12, 2026 06:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во 12 часот, Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ја реализира најавената блокада пред Стопанската комора, како дел од втората фаза од синдикалните активности насочени кон зголемување на работничките плати. Блокадата ќе започне во 12 часот на раскрсницата пред Стопанската комора, а според најавите, на улица излегуваат 21 претставник на синдикатот – законскиот минимум за организирање ваков вид протест.

Акцијата е насочена и кон Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата, а од ССМ бараат минималната плата да се зголеми на најмалку 600 евра, како и покачување од најмалку 6.000 денари за сите останати плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вчера на прес-конференција изјави дека блокадата е порака до работодавачите кои, според него, со години одбиваат да ги зголемат платите, иако истовремено се жалат на одлив на квалификувана работна сила. Тој посочи дека синдикатот ќе протестира сè додека не се донесе одлука за зголемување на минималната плата и за раст на останатите примања.

„Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати, како и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат. Ќе блокираме газди кои се исплашија од нападите на Владата и нападите на политичките партии на работниците и на синдикатите, ќе блокираме газди се додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Утре, 21 од нас и од членовите на Органите и телата на Синдикатите здружени во ССМ, во 12 часот ќе бидеме пред Стопанската Комора. Ги повикувам работниците кои можат и кои ќе поминуваат да ни се придружат макар и на пет минути затоа што другите не бројат… тие не мислат и не сакаат да разберат дека овие блокади кои се таргетирани и наменски се со по 21 човек на улица само за да им покажеме дека не ни се потребни оние 12.000 луѓе кои излегоа на 28-ми Јануари со нас за време на Големиот работнички протест на ССМ, за да ги блокираме“, истакна Трендафилов.

Тој ги повика работниците да им се придружат, макар и симболично, истакнувајќи дека претходниот голем работнички протест покажал дека синдикатот има широка поддршка. По завршувањето на таргетираните блокади, најави дека ќе следува нов масовен протест во неработен ден, со организиран превоз од повеќе градови.

Сојузот на синдикати на 10 февруарија  со блокада на Собранието, ја реализираше првата од најавените таргетирани блокади што ќе ги спроведе во следните денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. До почетокот на собраниската седница беа блокирани влезовите на македонското Собрание затоа што, како што беше кажано, пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата иницијатива на ССМ за намалување на функционерските плати за 80 проценти.

Доколку, како што рече Трендафоилов, продолжи игнорантскиот однос кон барањата на работниците, ССМ ќе ја разгледа и можноста за организирање генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

Откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата

Пратениците на СДСМ на 10 февруари ја напуштија собраниската седница откако мнозинството одби Законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието се одвиваше блокада организирана од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Од СДСМ информираат дека нивните пратеници побарале дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги инкорпорира барањата на синдикатите и работниците, но предлогот не бил ставен на гласање.

Премиерот Мицкоски смета дека блокадите се политички мотивирани

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на платите на вработените за 40 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека со ова Владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги.

Во врска со блокадата на Собранието од страна на ССМ смета дека и таа и протестите се политички мотивирани.

-Тоа ќе продолжи, затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес – конференција, во видно егзалтирана состојба, задоволен од тоа што го постигнавме. Денеска го гледате, блокира заедно со тој другиот кој што се повикува на работнички права, а злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи. Допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци и работниците кој ги води и кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси и тоа во периодот што следи ќе го има, рече премиерот Мицкоски за блокадата на ССМ на Собранието од 10 февруари.

Ј. Ѓ.

Tags: блокадаминимална платаССМСтопанска комораТрендафилов
Next Post

Почина актерот Џејмс Ван Дер Бик, ѕвездата на „Dawson’s Creek“, имаше 48 години

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk