ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трендафилов: Со 21 работник ќе ги блокираме газдите, следува нов голем работнички протест ако нема зголемување на платите

February 11, 2026 15:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција најави дека ССМ утре, 12 февруари, ќе ја продолжи втората фаза од синдикалните активности со блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата.

Блокадата ќе започне во 12 часот на раскрсницата пред Стопанската комора. Според Трендафилов, на улица ќе излезат 21 претставник на синдикатот, колку што е законскиот минимум за организирање ваква активност.

„Повторно ќе бидеме 21 претставник – онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, ниту на пратениците и Владата“, изјави Трендафилов.

Тој рече дека блокадата е насочена кон работодавачите кои, според него, со години одбиваат да ги зголемат платите, вклучително и минималната плата, иако истовремено се жалат дека квалификуваните работници ја напуштаат државата.

Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати, како и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат.

„Ќе блокираме газди кои се исплашија од нападите на Владата и нападите на политичките партии на работниците и на синдикатите, ќе блокираме газди се додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Утре, 21 од нас и од членовите на Органите и телата на Синдикатите здружени во ССМ, во 12 часот ќе бидеме пред Стопанската Комора. Ги повикувам работниците кои можат и кои ќе поминуваат да ни се придружат макар и на пет минути затоа што другите не бројат… тие не мислат и не сакаат да разберат дека овие блокади кои се таргетирани и наменски се со по 21 човек на улица само за да им покажеме дека не ни се потребни оние 12.000 луѓе кои излегоа на 28-ми Јануари со нас за време на Големиот работнички протест на ССМ, за да ги блокираме’, истакна Трендафилов.

ССМ бара зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

Трендафилов ги повика работниците да им се придружат, макар и симболично, а најави дека по завршување на таргетираните блокади ќе следува нов голем работнички протест, кој ќе се одржи во неработен ден и со организиран превоз од повеќе градови.

„Ќе дадеме шанса на сите работници да излезат на улица пред да го организираме генералниот штрајк во јавниот и приватниот сектор, доколку продолжи игнорантскиот однос“, порача претседателот на ССМ.

Ј. Ѓ.

Tags: блокади Стопанска комораминимална платаССМТрендафилов
Next Post
Генерирано со ВИ

Анкета на NBC News: Рејтингот на Трамп за имиграцијата во слободен пад по фаталните инциденти во Минесота

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk