ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Постои опција за нас за членство во ЕУ во 2027, врзано е за Украина, но без право на глас

February 20, 2026 09:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски  вели дека постои опција за членство во Европската Унија, но без право на глас, што, како што изјави вечерва, би се случила во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина.

– Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот  план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ  би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен Балкан и постојат две сценарија. Добро е што и ние сме во двете сценарија. Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане членка на ЕУ и тоа на почеток на 2027, седне на масата, се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, со многу внатрешни контролни механизми, рече Мицкоски, во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Како што дополни, има два задолжители услова –  заедничка надворешна и безбедносна политика, што кај нас е затворено, и владеење на правото. Прашан дали во условите се и уставните измени наведе дека „претпоставува оти ќе биде и тоа бидејќи е прифатено од претходната влада“. – Оваа интеграција би се случила во 2027. Вториот услов е на ова да се приклучат и другите земји од регионот, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Молдавија. 
Ова е тоа што се слуша во Брисел, што се слушаше во Минхен, но тоа зависи од многу ако параметри, од мировниот план за Украина, консензусот за евентуален мировен договор, итн. Светот се менува динамично, и ќе продолжи да се менува  ние треба да сме умни и да ги антиципираме те промени и да се адаптираме, наведе Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе работи на решение за откочување на евроинтеграцискиот процес на државата, но не под притисок. Оцени дека аргументите се на наша страна и оти добиваат форма во меѓународната заедница.

Ќе бидеме, најави Мицкоски, апсолутно проактивни во овој процес, ќе нудиме и ќе бараме решение бидејќи ова кое го наследивме, а кое го прифати претходната влада во суштина не е решение и најголем дел од граѓаните во Македонија не го прифаќаат.

– Ако требале децении да се постигне Бледскиот договор веднаш по Втората светска војна и Македонците од другата страна на границата да добијат културна автономија со право на спојување  кон тогашната Народна Република Македонија, во склоп на југословенската федерација, потоа тоа од познати причини 49-тата година прекинува, па потоа ако му требале децении на живковизмот да ги дочека Заев и Ковачевски а тие да го прифатат т.н Француски предлог, можеби ќе требаат повторно децении да добиеме некое фер и пристојно решение кое ќе го сочува достоинстото и идентитетот а од друга страна ќе нуди предвидлив процес кон иднинатата. Ние ќе работиме на решение, но нема да работиме под притисок. Нема да работиме кон решение кое нема да не одведе до самиот крај туку до првата следна пречка.  Тоа јас не можам да го прифатам и тоа сум го кажал досега во многу наврати. Аргументите се на наша страна, нашите аргументи зартуваат, добиваат некаква форма, физиономија, во меѓунардната заедница.  Меѓународната заедница гледа што се се случува, за жал се уште постои правило во ЕУ кое вели – еден глас, рече Мицкоски.

Тој сподели дека на последниот панел на Минхенската безедносна конференција, еден од дискутантите од многу моќна државава рекол „Тоа што и го правиме на Македонија е криминал“.

Известувачот на  Европскиот парламент за Македонија, европратеникот  Томас Вајц, според Мицкоски, „не вели итно да се донесат уставните измени, туку да се донесат“.  – Тоа сите го знаеме, не можеме да го игнорираме слонот кој некој го донел во собата. Но има и други работи што исто така ги гледаме па да видиме како може да дојдеме до компромис за да добие ме сите од процесот.  Ценам дека досега сите влади кои прифаќале копромиси на штета на македонскиот идентитет и иднината на државата го правеле тоа што имале ветувања дека на тој начин ќе ја постигнат цената. Никогаш не успевале затоа што секогаш постои – ако, рече Мицкоски.

Според него, треба да сме мудри и трпеливи, да работиме и  да си ги кажуваме гласно нашите аргументи.

– Секој кој не и мисли добро на Македонија и на граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата, наведе премиерот.

Прашан дали би изградил консензус со лидерот на СДСМ Венко Филипче, посочи дека опозицискиот лидер кажал „дека би го сменил Уставот уште утре“. – Кога имаме толку различни позиции не гледа, како би можеле да најдеме консензус, но тоа е тоа меко ткиво што го има македонскиот идентитет и се вика СДСМ, се вика водство на СДСМ, наведе Мицкоски.

Се што правам како претседател на Владата и што испорачуваме, дополни, не се мери со ниту едно постигнување на претходната влада која условно била за ЕУ затоа што прифатила нешто коешто не успеала да го испорача.

– Јас таква политика нема да водам. За тоа за што сум подготвен да водам  ќе излезам и ќе кажам јас можам да водам. Јасни се правилата на игра, не ги меувам правилата на игра врз основа на амбиент. Тоа е конзистентен став, јасен став , кој трае со месеци и со години и така ќе продолжиме да го презентираме, рече Мицкоски

Next Post
Фото: МВР

Тошковски: Во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk