Филмот One Battle After Another беше најголемиот победник на годинешните BAFTA награди, освојувајќи шест признанија, додека актерот Robert Aramayo испиша историја со двојна победа – за најдобар актер и „Rising Star“. Како што објави BBC, свеченоста во Royal Festival Hall во Лондон донесе комбинација од емоции, изненадувања и силна доминација на авторското кино.
Шест награди за „One Battle After Another“
Трилерот на режисерот Paul Thomas Anderson освои награда за најдобар филм, најдобра режија, споредна машка улога, монтажа, кинематографија и адаптирано сценарио. Филмот, во кој главната улога ја толкува Leonardo DiCaprio, ја следи приказната за татко кој повторно се поврзува со поранешна револуционерна група по киднапирањето на неговата ќерка.
Андерсон, кој претходно има освоено BAFTA само за сценарио, изјави дека филмовите треба да продолжат да се снимаат „без страв“, одговарајќи на критиките дека современата кинематографија губи квалитет.
Историска вечер за Роберт Арамајо
Арамајо ја освои наградата за најдобар актер за улогата во I Swear, каде го толкува Џон Дејвидсон – активист со Туретов синдром. Тој ја надмина конкуренцијата од имиња како Timothée Chalamet и Ди Каприо.
Покрај тоа, Арамајо ја освои и наградата „EE Rising Star“, што го прави првиот актер кој во иста година ги добил двете признанија. Во емотивниот говор рече дека „не може да поверува“ дека стои на истата сцена со холивудските ѕвезди.
Филмот „I Swear“ освои вкупно три награди, меѓу кои и за најдобар кастинг.
Џеси Бакли – прва Ирка со BAFTA за најдобра актерка
Наградата за најдобра главна женска улога ѝ припадна на Jessie Buckley за улогата во историската драма Hamnet, која ја прикажува сопругата на Вилијам Шекспир по смртта на нивниот син.
Бакли стана првата ирска актерка што ја освои оваа категорија. „Ова им припаѓа на жените – минати, сегашни и идни“, изјави таа на сцената.
„Hamnet“ ја освои и наградата за извонреден британски филм.
Споредни улоги и сценарија
Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Wunmi Mosaku за филмот Sinners, кој освои вкупно три награди, вклучително и за оригинално сценарио и оригинална музика.
За најдобра споредна машка улога беше награден Sean Penn за улогата во „One Battle After Another“.
Технички категории – доминација на „Frankenstein“
Готската адаптација Frankenstein, во режија на Guillermo del Toro, освои три награди – за сценографија, костимографија и шминка. Главната улога ја толкува Jacob Elordi, кој, според продукцијата, минувал и по 10 часа дневно во шминкерска подготовка.
Наградата за звук ја освои филмот F1, додека за визуелни ефекти триумфираше Avatar: Fire and Ash.
Меѓународни и документарни категории
За најдобар филм на неанглиски јазик беше прогласен Sentimental Value, додека наградата за документарец ја доби Mr Nobody Against Putin, филм кој обработува состојби во руските училишта.
Во категоријата за анимиран филм победи Zootropolis 2, а за детски и семеен филм – индискиот „Boong“.
Разочарување за „Marty Supreme“
Филмот Marty Supreme, со 11 номинации, остана без ниту една награда – редок исход во историјата на BAFTA.
Филмови со најмногу награди
One Battle After Another – 6
Sinners – 3
I Swear – 3
Frankenstein – 3
Hamnet – 2
Редакција Фронтлајн
Прочитајте и…





