Пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Неколку прашања за оние кои детално ја следат работата на судскиот систем. Прашањата се однесуваат за изминатите 35 години, откако сме независна и демократска држава:
1. Колку постапки почнале наши сограѓани, против државата Северна Македонија, пред меѓународни судови, поради неправда направена од македонските судови и институции?
2. Колкав е бројот на предмети во кои Северна Македонија веќе ги изгубила постапките пред меѓународните судови од наши сограѓани?
3. Колку изнесуваат финансиските импликации кои Северна Македонија ги платила до сега, а колку уште треба да плати, врз основа на веќе изгубените спорови пред меѓународните судови?
4. Колку судии, обвинители, вработени во МВР и други надлежни институции се соочиле со санкции и други видови на одговорност поради тоа што со нивната работа нанеле неправда на граѓани, а потоа и штета на државата?
5. Во колку релевантни извешати е укажано дека мерката притвор се користи несоодветно и преставува мерка со која се нанесува неправда и реваншизам кон обвинетите?
6. Колку често во пракса се нарушува начелото на пресумпција на невиност?
7. Зошто граѓаните и разните субјекти неможат ефикасно да ги извршат своите побарувања од државата, како што државата има механизми да ги изврши побарувањата од граѓаните и субјектите?
8. Постојат ли релевантни споредби со регионалните држави, како и со државите од ЕУ, колку Северна Македонија ги нарушува човековите права на своите граѓани?
9. Во времето на Груевски, во релевантни извшетаи имавме нотирано политички затвореници. Постои ли прецизна и релевантна анализа во кои се случи во овие 35 години се однесуваат на вистински политички прогон?
За еден граѓанин прашувам.
Текстот е личен став на Авторот







