ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Брз одговор на Иран: 2.000 ракети на располагање – експерт ја анализира иранската способност за одмазда

February 28, 2026 12:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на Х

Фото: Скриншот од видео на Х

Share on FacebookShare on Twitter

Брзата одмазда на Иран по заедничката воена операција на САД и Израел ќе ги тестира одбранбените системи што САД ги воспоставија низ Блискиот Исток, а воедно ја демонстрира и воената способност на Техеран, оценува воениот аналитичар на CNN.

„Ова е одбранбената поставеност што беше воспоставена во изминатите неколку месеци, па и години, во Заливскиот регион, и сега практично се става на тест додека Иран одговара на првичниот напад“, изјави пензионираниот полковник од американските воздухопловни сили Седрик Лејтон во разговор со новинарката Беки Андерсон.

Лејтон посочи дека разузнавачките проценки даваат одредена слика за капацитетот на Иран за одмазда, но додаде дека брзината на реакцијата е изненадувачка и укажува дека земјата се подготвувала за напад од ваков интензитет.

„Тие имаат околу 2.000 до 3.000 ракети што можат да ги лансираат“, рече Лејтон. „Проблемот е што, според разузнавачките проценки, немаат толку лансери колку што имале претходно.“

Според него, се верува дека Иран располага со околу една третина од лансерите што ги имал пред нападите во јуни минатата година. „Ако тоа е точно, ако тие разузнавачки проценки се точни, би се очекувало иранскиот одговор да биде малку одложен. Но тие очигледно успеаја да организираат одговор многу брзо, побрзо отколку што очекував“, изјави Лејтон.

Иран возвраќа со удари врз американски цели низ регионот – експлозии во Дубаи и Доха

„Очекував одговор, но не одговор од ваква големина во овој момент. Очигледно се подготвувале за ова. Беа подготвени“, додаде тој.

Иранската армија соопшти дека ќе им одржи „историска лекција“ на Израел и на САД по нападите врз иранските градови.

„Како што веќе изјавивме, секоја база каде било во регионот што му помага на Израел ќе биде цел на светата Исламска Република и на нашите вооружени сили, и нема да покажеме никакво двоумење“, изјави портпаролот на вооружените сили, бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, пренесуваат ирански државни медиуми.

Ј. Ѓ.

(ВИДЕО) Експлозии во Техеран: Израел и САД го нападнаа Иран, Трамп потврди почеток на воена кампања

Tags: Иранракети
Next Post
Исламска Револуционерна Гарда. Фото: Скриншот

Што се знае за Исламската револуционерна гарда - елитното крило на иранската војска

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk