ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Иницијативата „Кој е следен?“ повика на марш за 8 Март – „Оваа полиција не е наша полиција“

March 4, 2026 11:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Кој е следен?“ повика граѓаните масовно да излезат на марш на 8 Март во Скопје, посветен на борбата против насилството врз жените и институционалната неказнивост.

Во соопштението, иницијативата упати остри критики кон институциите, оценувајќи дека системот не ги штити граѓаните и дека реакциите на надлежните доаѓаат предоцна.

„Оваа полиција не е наша полиција. Оваа држава не е наша држава. Време е заедно да осмислиме поинакво општество“, се наведува во реакцијата.

Од иницијативата прашуваат каква е институционалната реакција кога, како што велат, граѓаните со години пријавуваат насилство без резултат.

„МВР поднело кривична пријава ‘по брза постапка’. Каква е таа брза постапка откако биле одземени животи? Откако жената и нејзините соседи веќе десетици пати пријавувале? Каква е таа заштита што доаѓа отпосле?“, прашуваат од иницијативата.

Во соопштението се наведува и дека граѓаните честопати се соочуваат со игнорирање на пријавите за насилство.

„Нашиот глас никогаш не се слуша. Пријавуваш во полиција, ништо не се презема. Доаѓаме до крајности и се крева револт… и пак ништо. Сериски убијци и тепачи на деца и жени си шетаат како шерифи и никој ништо не им може“, стои во реакцијата.

Иницијативата повика на граѓанска солидарност и на заедничко дејствување против насилството и, како што наведуваат, системската неправда.

„Доста трпиме, да му ставиме крај на малтретирањето и убивањето на народот, а особено на жените. Да излеземе сите заедно на маршот за 8 Март, рамо до рамо со нашите сестри, мајки, ќерки, девојки и другарки“, порачаа од „Кој е следен?“.

Маршот е најавен за 8 март во 12 часот, а собирното место е во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Tags: 8 мартКој е следен?маршполиција
Next Post
Скриншот

Гроси: Нема докази за нуклеарна бомба во Иран, но загрижува ограничениот пристап за инспекторите

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk