ЦИА работи на план за вооружување на курдските сили со цел поттикнување народно востание во Иран, изјавиле повеќе извори запознаени со планот за CNN.
Според истите извори, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води активни разговори со ирански опозициски групи и со курдски лидери во Ирак за обезбедување воена поддршка.
Курдски групи долж границата со Иран
Иранските курдски вооружени групи располагаат со илјадници борци распоредени долж ирачко-иранската граница, главно во ирачкиот регион Курдистан. Неколку од тие групи од почетокот на конфликтот објавиле соопштенија во кои навестуваат можна акција и ги повикуваат иранските воени сили да пребегаат.
Иранската Револуционерна гарда (IRGC) веќе извршила напади врз курдски позиции – соопшти дека ги гаѓала нивните позиции со десетици дронови.
Разговор меѓу Трамп и курдски лидер
Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со Мустафа Хиџри, претседател на Демократската партија на ирански Курдистан (KDPI), потврдил за CNN висок иранско-курдски функционер. KDPI е една од групите чии позиции биле цел на нападите на Револуционерната гарда.
Според истиот извор, иранските курдски опозициски сили во наредните денови планираат да учествуваат во копнена операција во западен Иран.
„Веруваме дека сега имаме голема можност“, изјавил изворот, додавајќи дека милициите очекуваат поддршка од САД и Израел.







