ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Трамп со критики кон британскиот премиер: Стармер очигледно не е Винстон Черчил

March 4, 2026 07:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп по третпат оваа недела го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека тој „очигледно не е Винстон Черчил“.

Изјавата Трамп ја даде во Белата куќа, споредувајќи го Стармер со легендарниот британски лидер од Втората светска војна.

„Очигледно немаме работа со Винстон Черчил“, изјави Трамп.

Спор околу воената база Диего Гарсија

Трамп му замерува на британскиот премиер што не им дозволил на американските сили да ја користат стратешки важната британска воздушна база Диего Гарсија во Индискиот океан за напад врз Иран.

Според него, САД на крајот нашле алтернативно решение, но за тоа им биле потребни неколку дена.

„Не ми беше потребна поддршката на Велика Британија за нападот врз Иран, но ни требаше време да најдеме каде можеме да слетаме“, изјави Трамп.

„Не сум задоволен од Обединетото Кралство“, додаде тој за време на дел од состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој бил отворен за медиумите.

Трамп објасни дека поради одлуката на Лондон, американските авиони морале да летаат значително подолго.

„Ни требаа три до четири дена да утврдиме каде можеме да слетаме. Мораше да летаме многу дополнителни часови“, рече тој.

Ставот на Лондон

Британскиот премиер Кир Стармер претходно изјави дека Велика Британија не учествувала во американско-израелскиот напад врз Техеран, бидејќи секоја британска воена акција мора да има „одржлив и добро осмислен план“.

Тој нагласи дека не верува во „промена на режим од воздух“.

Подоцна Лондон им дозволил на американските сили да користат дел од британските бази, но само за напади врз ирански складишта за ракети и лансирни системи кои се користат за одмазднички напади врз земјите од Персискиот Залив.

Заладување на „специјалните односи“

Иако односите меѓу Трамп и европските лидери често се напнати, до неодамна републиканскиот претседател и лабуристичкиот премиер одржувале добри односи.

Велика Британија со децении се гордее со својот „специјален однос“ со САД, кој вклучува размена на разузнавачки информации и воена координација.

„Многу е тажно да се види дека односот очигледно повеќе не е она што беше“, изјави Трамп претходно во интервју за The Sun, додавајќи дека не очекувал Британија да биде земја која ќе се двоуми, додека истовремено ги пофалил Франција и Германија.

Next Post
Фото: Фејсбук на МВР

Кривични пријави за бесправна градба во Гостивар – опфатени седум лица и две компании

Shortcut

Најново

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk