ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата го предложи Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

March 10, 2026 16:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната редовна седница донела одлука до Собранието да поднесе предлог Ненад Савевски да биде избран за нов државен јавен обвинител, соопштија од Владата.

Одлуката е донесена по разгледување на мислењето на Советот на јавните обвинители во рамки на постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

Според владината информација, изборот е направен врз основа на принципите на професионалност, интегритет и стручност, како и посветеност на владеењето на правото.

Савевски судија во Кривичниот суд

Ненад Савевски е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Во својата кариера претходно работел и како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство.

Тој е магистер по правни науки од областа на казненото право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со положен правосуден испит.

Искуство во меѓународни и експертски проекти

Според Владата, Савевски има и експертски ангажмани во меѓународни организации и правосудни реформи. Тој бил експерт во ОБСЕ Македонија, учествувал во Националната конвенција за ЕУ – Поглавје 23, како и во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД.

Воедно, работел на проекти поврзани со кривична постапка, притвор и посебни истражни мерки.

Академска и едукативна работа

Савевски е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, како и национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа. Во рамки на својата академска работа има објавено повеќе научни трудови како автор и коавтор.

Владата: Изборот е важен за кредибилитетот на системот

Во соопштението се наведува дека изборот на државен јавен обвинител е прашање од особена важност за кредибилитетот на правосудниот систем.

„Предлогот кој Владата го упатува до Собранието се темели на стручни оценки и мислења доставени од Советот на јавни обвинители, како и на внимателна анализа на професионалниот интегритет, искуството и досегашните резултати на кандидатот“, се наведува во соопштението.

Владата оценува дека предложениот кандидат ги поседува потребните професионални и лични квалитети и дека може да придонесе кон зајакнување на институционалниот капацитет и довербата на јавноста во правосудниот систем.

Next Post
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk