ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Советот на чест при ЗНМ: Културата на говор и етиката се основа на новинарството

March 25, 2026 13:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на чест при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) оцени дека културата на говор и почитувањето на етичките стандарди се клучни за новинарската професија, во контекст на последниот случај со однесувањето на новинар на прес-конференција во Тетово.

Во соопштение, Советот посочува дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво, но истовремено носи обврска за почитување на професионалните стандарди.

Станува збор за случај поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска, кој, како што наведуваат, отворил јавна дебата во медиумскиот простор.

Советот на чест оценува дека начинот на комуникација и тонот на обраќање во конкретниот случај не се во согласност со професионалниот јавен дискурс.

„Во конкретниот случај, Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс“, се наведува во соопштението.

Оттаму се повикуваат и на член 15 од Кодексот на новинарите, според кој новинарот треба да ја негува културата на говорот и етиката.

„Непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“, посочува Советот.

Советот нагласува дека ваквите случаи не придонесуваат за зголемување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог.

Воедно, се упатува апел до новинарите и медиумските работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор.

Во соопштението се посочува и дека почитта во односите меѓу институциите и медиумите треба да биде двонасочна, при што институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена и професионална работа на новинарите.

Советот на чест исто така предупредува дека случајот не треба да се користи за дневнополитички цели или за создавање дополнителни тензии, особено во етнички контекст.

Советот најавува дека ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и да реагира во рамки на своите надлежности, со цел унапредување на етичките стандарди во новинарството.

Next Post

Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk