„Апсолутно секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги најновите податоци на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари, пренесува владината служба.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски оцени дека и покрај позитивниот тренд, растот на платите не е доволен и најави дека Владата ќе продолжи со политики насочени кон зголемување на примањата и намалување на трошоците за живот.
„Апсолутно секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во месец јануари, она што го кажа и го објави Статистика. Дали е тоа доволно, не. Секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да имаме што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет. И така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме во иднина“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека намалувањето на инфлацијата и растот на платите остануваат клучни економски приоритети на Владата и во наредниот период.












































































































