По историскиот прелет околу темната страна на Месечината и достигнувањето на најдалечната точка во вселената каде што некогаш стапнала човечка нога, екипажот на Артемис II го започнува последното поглавје од својата мисија: патот кон дома.
Вселенскиот брод „Интегритет“, носејќи ги четворицата храбри астронаути, ќе ги запали своите мотори за да се оттргне од лунарната гравитација и да се насочи кон синиот хоризонт на Земјата.
Капсулата, треба да допре до океанската површина во близина на брегот на Сан Диего во 17:07 часот по локално време (сабота, 02:07 часот по средноевропско време).
Влегувањето во атмосферата се смета за еден од најкритичните делови на мисијата. „Орион“ ќе удри во земјината атмосфера со брзина од околу 40.000 км/ч, при што топлинскиот штит ќе мора да издржи температури од неверојатни 2.760°C За безбедно забавување на капсулата, НАСА користи систем од 11 падобрани кои треба да ја намалат брзината на паѓање на само 27 км/ч пред самиот контакт со водата.
Ј. Ѓ.







