ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Македонската економија бележи раст три пати поголем од просекот на ЕУ

April 17, 2026 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека економијата на државата се наоѓа на добра патека, посочувајќи дека во последните шест квартали по ред е остварен просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5%. Тој потенцираше дека ваквите резултати се постигнати во услови кога растот во Европската Унија е под 1%, што значи дека домашниот раст е за повеќе од три и половина пати поголем од европскиот просек.

Според премиерот, овие бројки се потврда дека Македонија е единствена земја во регионот со вакви солидни параметри во услови на глобална и европска криза. Мицкоски направи споредба со минати периоди кога растот бил повисок, но истакна дека тогаш и растот во ЕУ бил идентично висок, додека сегашната ситуација покажува економска отпорност на државата и покрај слабата активност кај стратешките партнери.

Во однос на индустрискиот сектор, премиерот детектираше два клучни предизвици. Првиот се однесува на активноста на дел од рудниците, при што Мицкоски упати остри критики до структурите во општеството кои бараат затворање на сите рудници, дури и на оние кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Тој посочи дека ваквите реакции се појавиле веднаш по објавата за стратешкиот рудник за антимон и порача дека Владата нема да се повлече бидејќи тоа е иднината на државата.

Вториот предизвик, според претседателот на Владата, е делот на производството на електрична енергија, за кој оцени дека веќе е влезен во рамки на стабилни текови. Мицкоски заклучи дека овие економски индикатори претставуваат инспирација за понатамошно добро водење на процесите и дека, имајќи ја предвид глобалната ситуација, државата се движи во вистинска насока.

Изјавата на Мицкоски интегрално пренесена од Владата:

„Па, имајќи ја предвид состојбата во светот и состојбата во Европа, ценам дека растот во прометот во индустријата и дома и надвор е солиден. И ние сме единствена земја што има таков раст во регионот, друга нема таков раст.

Често пати кога коментираме, мора да правиме споредби. И сега оваа Влада шест квартали по ред има просек раст на бруто домашен производ од 3,5%, но во услови кога растот во ЕУ е под 1%. Некој ќе каже, имало периоди кога растот бил и 5,5% и 6%, но да, тогаш и растот во рамките на Европската Унија бил идентичен 5,5% и 6%. Сега имаме повеќе од три и половина пати поголем раст од оној просечниот што е во ЕУ, шест квартали, зборувам по ред. И тоа за нас претставува инспирација дека добро ги тераме работите. Сега не велам одлично, секогаш може подобро, но сега за сега имајќи ја предвид глобалната ситуација, мислам дека добро се тераат работите. Во тој предизвик е индустријата.

Кај индустриското производство имаме два предизвици, т.е. слабата активност на дел од рудниците. Иако, има и такви структури во општеството коишто би сите рудници да се затворат и оние коишто ги исполнуваат сите еколошки стандарди и на тој начин да ја банкротираат државата за да добијат грант повеќе. Има и такви. Еве гледам реакција одма после стратешкиот рудник за антимон којшто е светски конкурентен, се појавија некои такви, одма да критикуваат за да добијат грант повеќе. И да ја кодошат државата и оваа Влада, но овој пат мислам дека на тврд орев ќе налетаат. Нема да се повлекуваме затоа што тоа е иднината, ако сакаме да имаме држава, тоа е иднината.

И второ, она коешто мене ми е важно, покрај рудниците е да се стабилизира делот на производството на електричната енергија. И мислам дека е веќе во рамките на едни стабилни текови. Така што генерално, мислам дека, имајќи ја предвид состојбата ќе повторам, глобално сме на добра патека.“

Next Post

СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и крешење на законите

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk