ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026 00:40
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски отвори нов фронт на политички препукувања, откако самиот бегалец од Унгарија го нападна министерот за правда Игор Филков дека ги продолжува практиките на поранешната власт. Додека Филков тврди дека чека комплетирање на документацијата од домашните институции за да продолжи со меѓународната процедура, од СДСМ директно обвинија дека документите се веќе доставени од судот и намерно се чуваат во фиока за да му се остави простор на Груевски да побегне во трета земја. Точка на конфузијата стави Основниот кривичен суд Скопје, кој официјално соопшти дека, и покрај застарувањето на казната за „Мерцедесот“, по Груевски има активни потерници за издржување на повеќе од 11 години затвор за предметите „Плацеви на Водно“ и „Насилство во Центар“.

Бегалецот Груевски од Будимпешта до министерот за правда: Воопшто не личи дека СДСМ и Заев си заминале од власт

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од правдата и доби азил во Унгарија под заштита на Виктор Орбан, преку социјалните мрежи упати критики до актуелниот министер за правда, реагирајќи на неговите изјави околу постапката за екстрадиција. Наместо да се соочи со одговорноста, Груевски ја обвинува новата власт дека ги продолжува практиките на претходната.

„Го слушнав денеска излагањето на министерот за правда на Македонија, објаснувајќи на медиумите и јавноста како ревносно собирал информации од судовите и како ја чекал новата власт во Унгарија за да се информирал за промената на мојот статус тука и да започнал постапка за екстрадиција. Го гледам, и се прашувам кој е на власт во Македонија?! Гледајќи од страна, воопшто не личи дека СДСМ на криминалецот Заев со неговата омрза и валкани методи си заминала од власт“, пишува Груевски во својата објава.

Бегалецот во Унгарија му порача на министерот, наместо да бара негова екстрадиција, ревносно да ги истражи „злоупотребите и незаконските постапки при политичкиот прогон во годините на Заев“. Тој бара ревизија на, како што вели, монтираните судски постапки, уцените врз сведоци за лажни искази и притисоците со кои се соочувале адвокатите и судиите.

Во обид да ги оправда пресудите против него, Груевски таксативно ги набројува случаите за кои е осуден – набавката на блиндираниот мерцедес, плацевите на Водно, насилството во Општина Центар и автопатот Кичево-Охрид – тврдејќи дека тие се донесени со лажни претпоставки и под диктат на тогашното СЈО.

Осврнувајќи се на фактот дека меѓународната заедница го третира како осуденик, тој вината ја префрла на реториката на претходната власт.

„И да не се чуди кога странски министри, премиери или новинари ќе ме нарекуваат криминалец. Тие не се запознаени, ниту се должни да се запознаени со деталите на судските предмети и дека имаше реален и валкан монтиран прогон со политички мотиви, но министерот за правда на Македонија може да се запознае со деталите и да ги запознае кога ќе комуницира со нив“, нагласува поранешниот премиер.

На крајот од објавата, Груевски го повикува министерот да не станува дел од „една голема валкана игра од минатото“ и да дејствува праведно, потсетувајќи го да ги погледне сведочењата за наводните нарачки на пресуди од кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Филков за екстрадицијата на Груевски: Барањата се испратени, се чекаат документите од институциите

Министерот за правда, Игор Филков, пред неколку дена појасни до каде е постапката за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. Тој информираше дека Министерството за правда веќе доставило барања до надлежните домашни институции и дека сега се чека тие да ги комплетираат и достават потребните документи.

Филков најави дека процесот ќе продолжи и на меѓународно ниво, штом се создадат политички услови во Будимпешта.

„Веднаш по формирањето на владата во Унгарија ќе стапам во контакт со тамошниот мој колега и ќе го информирам за нашата голема заинтересираност за случајот и ќе го замолам да нè информира за промената на статусот и нивната одлука“, изјави министерот Филков.

Во однос на домашните процедури кои ѝ претходат на комуникацијата со унгарските власти, тој додаде:

„Министерството за правда упати до сите надлежни институции барања. Тие се процесираат, кога ќе има промени ќе ве информираме.“

Токму оваа изјава на министерот за правда деновиве предизвика лавина реакции во јавноста, вклучително и реакција од самиот Груевски од Будимпешта, како и обвинувања од опозициската СДСМ дека документите веќе се стасани, но намерно се чуваат во фиока.

СДСМ: Судот ги достави документите за екстрадиција на Груевски, министерот Филков намерно ги држи во фиока

Опозицискиот СДСМ излезе со обвинувања кон власта, тврдејќи дека Министерството за правда намерно ја кочи постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.

Според партијата, надлежниот суд веќе ги завршил сите процедури и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот Груевски, но тие сега се заглавени во фиоките на министерството.

„Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот Филков од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија. Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш“, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

Од опозицијата директно го обвинуваат премиерот Христијан Мицкоски и неговиот кабинет дека свесно го штитат поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да му овозможат простор и време да побегне од Унгарија во трета држава.

„Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО. Граѓаните заслужуваат јасен одговор: Зошто Мицкоски не го бара Груевски и зошто документите се заглавени во Министерството за правда?“, прашуваат од СДСМ, порачувајќи дека „доаѓа времето на вистината“.

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

Кривичен објави колку треба да лежи в затвор Груевски и кога застаруваат делата

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги прецизира роковите за застарување на затворските казни на Никола Груевски.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека застарувањето на извршувањето на двегодишната казна затвор за набавката на луксузниот мерцедес е веќе настапено.

„Во однос на предметот познат како „Тенк“, со пресуда КОК 59/17, за кој е оформен предмет за извршување на казна затвор во траење од 2 години (КУИКП 1807/18), ја известуваме јавноста дека извршувањето на казната е застарено на 16.10.2024 година, поради исполнување на роковите утврдени со Кривичниот законик“, соопштија од Кривичниот суд.

Активни потерници за над 11 години затвор

И покрај застарувањето во еден предмет, Груевски останува баран за извршување на затворски санкции во вкупна важност од повеќе од 11 години. Највисоката казна е за случајот со имотите на Водно.

„Предметот познат како „Плацеви на Водно“, со пресуда КОК 63/21, за кој е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 732/23, со единствена казна затвор од 9 години, чие извршување застарува на 14.02.2043 година“, посочуваат од Судот.

Дополнително, поради неплатена парична казна за истиот предмет, Судот донел одлука за замена на казната:

„Со оглед дека за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, истата е заменета со казна затвор во траење од 180 дена, чие извршување застарува на 14.02.2027 година“.

Пресудата за шамарите во Општина Центар

Втората активна потерница е за предметот каде Груевски беше осуден како нарачател на насилство.

„Во однос на пресудите познати како: „Насилство во Центар“, со пресуда К. бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на 10.09.2027 година“.

Од Кривичниот суд Скопје нагласуваат дека овие информации се однесуваат на предметите кои ги застапуваше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а во кои Груевски е правосилно осуден.

Ј. Ѓ.

Tags: ГруевскиекстрадицијаСДСМФилков
Next Post

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk