ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за запирање на истрагата во случајот „Мазут“ повторно е во фокусот на јавноста, особено по изјавите на државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој оцени дека е подобро постапката да заврши во оваа фаза отколку да се поднесе обвинение кое подоцна не би можело да се одржи пред суд. На брифинг со новинарите, Савески застана зад одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека е изненаден од дел од реакциите што следуваа по нејзиното донесување.

Додека институциите располагаат со сите релевантни информации и докази, граѓаните најчесто ги формираат своите ставови врз основа на медиумски извештаи, политички изјави и различни толкувања на настаните. Оттука, како што претходно соопшти ОЈО ГОКК, недостигот на докази бил клучниот фактор поради кој истрагата била запрена.

Најголемиот интерес во јавноста се однесуваше на прашањето дали мазутот што бил користен во периодот опфатен со истрагата имал негативно влијание врз животната средина и квалитетот на воздухот.

Во Македонија постои јасно дефинирана регулатива што го уредува квалитетот на течните горива. Правилникот за квалитет на течните горива предвидува контрола на повеќе параметри кај мазутот, меѓу кои се содржината на сулфур, вода, пепел, седименти, точката на палење, калориската вредност, вискозитетот и содржината на карбон. Покрај тоа, државните институции вршат континуирани контроли преку Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. Во конкретниот случај не било констатирано надминување на законски утврдените гранични вредности. Македонија инаку има една од најстрогите регулативи кога станува збор за квалитетот на горивата.

Официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино покажуваат дека во текот на периодот кој беше предмет на истрагата редовно се следел квалитетот на воздухот. Иако во јавноста често се појавуваа тврдења за можно загадување и труење, во извештаите не било регистрирано загадување што би можело да се поврзе со работата на електраната.

Мазутот често е предмет на критики во јавните расправи за животната средина, но искуствата на повеќе европски држави покажуваат дека неговата употреба може да биде во согласност со високите еколошки стандарди кога се применуваат соодветни технологии и контроли.

Во Финска, Шведска, Данска, Германија и Франција мазутот со години се користи како резервен енергетски капацитет кој обезбедува сигурност на електроенергетските системи. Франција одржува стратешки термоцентрали на течно гориво за брза реакција во услови на енергетски притисок, додека Естонија има долгогодишно искуство во користење на тешки масла и нафтени шкрилци. Во Грција, нафтените деривати и натаму се користат за производство на електрична енергија на островите кои не се поврзани со централната мрежа. Норвешка, пак, иако најголемиот дел од електричната енергија го добива од хидропотенцијалот, располага со резервни нафтени капацитети и инвестира во напредни технологии за складирање на јаглерод.

Но, ако загадувањето во Неготино е од мазутот, зошто градот Скопје е меѓу најзагадените во светот, а не се употребува мазутот? Компанијата РК, која беше дел од овој случај, никогаш не носела мазут во Скопје.

Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика месечно врши контрола од каде купуваат фирмите кои имаат лиценци и каде продаваат. Согласно извештаите, евидентно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај ова, Скопје редовно е помеѓу топ пет најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.

Во однос на економските аспекти на случајот, значајно е што АД Електрани на Северна Македонија не пријавиле штета поврзана со предметот. На ова во повеќе наврати се осврна и професорот Гордан Калајџиев, кој постави прашање дали воопшто постои основ за жалба против одлуката на ОЈО ГОКК ако нема утврдена финансиска штета.

Анализите на движењето на цените на електричната енергија на европските берзи покажуваат дека во периодот опфатен со истрагата Македонија би требало да потроши околу 880 милиони евра за увоз на струја доколку ТЕЦ Неготино не била ставена во функција.

Дополнително, тогашната енергетска криза не беше само прашање на високи цени. Во голем број европски земји постоеше реален недостиг на природен гас, мазут, дизел и електрична енергија, што создаде сериозни предизвици во снабдувањето. За разлика од денешните кризни состојби, кои најчесто се поврзани со ценовни осцилации на нафтата и нафтените деривати, тогаш голем дел од државите се соочуваа и со проблем на достапност на енергенсите.

Податоците покажуваат дека ТЕЦ Неготино како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра годишно за плати, одржување и други тековни трошоци. Од друга страна, според официјалните извештаи на ЕСМ, централата во текот на 2022 и 2023 година остварила профит од околу 30 милиони евра.

Конечната одлука за случајот ќе ја донесе Вишото јавно обвинителство. Сепак, и по запирањето на истрагата останува отворено прашањето дали предметот „Мазут“ може да се темели на финансиска штета која не е утврдена ниту од ЕСМ, ниту од државните институции.

Д. Е.

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk