ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Петтиот пакет мерки е за најпогодените, вели Заев, Османи вели, одлуката за одложување на преговорите е грешка на ЕУ……

December 24, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Петтиот пакет мерки е наменет за најпогодените, државата е тука да им помага на сите граѓани. Наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Заев рече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Со политиките за достоинствено живеење обезбедуваме пристоен дом за секој граѓанин. Претседателот на Владата Заев посочи дека и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

Османи пред пратениците: Подготвени сме за преговори, одлуката за нивно одложување е грешка на самата Унија. Тоа е обединета Европа, со Западниот Балкан целосно интегриран во Унијата и тие нѐ очекуваат да им се придружиме. И ние немаме алтернатива. Нашиот стратешки интерес останува ист – да донесеме повеќе Европа дома, а да ја однесеме Северна Македонија во ЕУ, рече Османи.
Бонева со речиси 7.000 докази и 28 сведоци ќе докажува дека не давала лажни фискални сметки. Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458. 551 денари, се тврди во обвинението.
Шилегов: Успеавме да го намалиме бројот на загадени денови. Во однос на инспекциите во Злокуќани и Бардовци каде домаќинствата се греат со горење на пластика и гуми, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев рече дека треба да се направат законски измени за евентуални контроли во домовите.

Нуредини: Прогласувањето на Осогово за заштитено подрачје ќе овозможи одржлив развој на локална економија. Денеска, овде пред нас, можеме да видиме што значат инвестициите во еко-системите и како од тоа корист имаме сите. Се надевам дека успешната приказна за заштитено Осогово ќе биде добар пример и за другите процеси што ги водиме во моментот, истакна министерот Нуредини.

СЕП: Преку ИПА 2 обезбедени 110 милиони евра за железничката и патната инфраструктура. Заради одговорна фискална политика и задржување на степенот на задолженост во одржливи рамки, Министерството за финансии многу внимателно проценува за кои проекти ќе даде согласност за финансирање преку ВБИФ, се истакнува во соопштението.

За RNK вакцините против Ковид-19 (Фајзер и Модерна), на разбирлив јазик. RNK вакцините се прават многу побрзо во лабораториите во споредба со „традиционалните“ вакцини (кои го содржат целиот инактивиран вирус), поради што ќе можеме да направиме милијарди дози за кратко време.

Филипче: Наша цел е трајно вработување на младите лекари. Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во ковид центрите во Клинички центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.

Онлајн протест „Стоматологијата на респиратор“ – се бара субвенционирање на сите приватни стоматолошки установи. Субвенционирање на сите приватни здравствени установи кои што имаат под 1.500 пациенти за износот, до 1.500 капитирани пациенти, сите ПЗУ кои работат надвор од мрежата да бидат помогнати со бруто плати и да се зголеми бројот на пациенти по тим за добивање на лиценца на 1.500 до 2 000 жители.

ЕУ и Велика Британија постигнаа трговски договор. Со овој договор е испорачано сè што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година. Ја вративме контролата над нашите пари, граници, закони, трговија и нашите риболовни води. Во соопштението се наведува дека договорот е фантастична вест за семејствата и фабриките во сите делови на Велика Британија.

И.Т.З.

Next Post

Владанка Димковска: Ковид-19 - непресушен извор на искривување на вистината

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk