„Како Владата во 2021 година планираме и понатаму да се занимаваме сериозно со спречувањето на ширење на лажни вести, односно пружање отпор кон феноменот дезинформации во соработка со нашите стратешки сојузници – НАТО, и владите на земјите членки на ЕУ. Планираме да спроведеме и да се најадат начини медиумската писменост да стане дел од образовниот кориколум, што е и дел од новата образовна форма што се најавува и која што е од интерес на јавноста.“, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанецна денешната конференција „Перспективи 2021“, во организација на ЦИВИЛ.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ја спроведува стратегијата за транспарентност.
„За мерењето на 2019 година кое што е објавено пред неколку денови, регионалното здружение Action Southeast Europe ја става Северна Македонија, односно владата, извршната власт на Северна Македонија, на првото место по отвореност во споредба со земјите од регионот. Ние овој престиж го држиме уште од 2017, откако дојде до промена, политичка промена на власта. Северна Македонија од последна стигна на прво место по отвореноста. Се мери транспарентноста на владата, се мери достапноста, пристапноста. Имаме чест да бидеме први во регионот по транспарентност, отчетност и отвореност. И не е лесна задача да се задржува ова прво место и да се обезбедува таа активна транспарентност и понатаму.“, рече Збрчанец.
На конференцијата „Перспективи2021“, се очекува да говорат дваесет учесници. Главното прашање на Конференцијата е: Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година?
J. Ѓ.