– Со цел утврдување на можно присуство на мутирани субтипови коронавирус кај македонски пациенти, компанијата Био Инженеринг во соработка со Клиниката Жан Митрев продолжува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци, објавија на ФБ Фонд за технолошки развој и иновации (ФИТР).
„Како ФИТР сме среќни што ја поддржуваме македонската компанија Био Инжинеринг, како и горди на заедничкиот придонес кој го даваме во поддршка на борбата со коронавирисот.
За овој проект веќе е остварена и комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои се очекува поддршка која ќе обезбеди аргументирано известување во борбата против лажните вести и извадени од контекст информации.“, велат од ФИТР





