ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Изјавата на Каракачанов не е изјава на пријателство, смета Шекеринска, треба да градиме систем кој одвраќа од злоупотреби на корупција и јасно да лоцира одговорност…

December 25, 2020 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Шекеринска: Изјавата на Каракачанов не е изјава ниту на пријателство, ниту на сојузништво. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска како „само балканска“ изјава ја оцени изјавата бугарскиот колега Красимир Каракачанов дека „евентуалната донација на вакцини од Бугарија би била наменета за нивните „сонародници“ – односно за 120 илјади бугарски државјани во земјава“.

Шекеринска – Ињац: Членството на Северна Македонија во НАТО нов импулс во регионалната соработка. Честитајќи и на црногорската колешка за функцијата и за изборот на новата влада, Шекеринска посочи дека црногорските искуства од пристапувањето во НАТО се наш патоказ во процесот на интегрирањето во системот на Алијансата  и ја подвлече важноста на соработката во регионот на полето на одбраната и кохезивната улога на НАТО.

Николовски: Да градиме систем кој одвраќа од злоупотреби на корупција и јасно да лоцира одговорност.  Бидејќи ветивме дека ќе владее правото започнуваме отворена битка во која никој што го прекршил законот нема да биде изземен од одговорност. Заедно со мојот кабинет сме целосно решени на мерки и активност што ќе придонесат во спречување на корупцијата, посочи Николовски  во своето обраќање.

Ивановска: Бескомпромисна борба против системската корупција и наредната година. Основен чекор што треба да се направи во борбата против корупцијата е борбата на личноста со самиот себе, интергритетот на една личност и професионално постапување може да направи прогрес. Се додека имаме некаков личен интерес, можеби и партиски, тој пат е зацементиран. Треба да порасне нивото на свеста на граѓаните дека на никој ништо не должат“, истакна таа.

Коста Петров: Дигиталните номади ќе добијат дигитални визи. Единствената приказна за Македонија, која што ќе биде само наша, се иновациите, бидејќи ние немаме нафта. Во најголемата криза 84 луѓе решиле да формираат фирма.

Бектеши: За три години изградивме гасоводна мрежа колку што немаше за претходните 30. Само еден крак кај Штип е долг 61 километар. Сега се гради гасоводна мрежа од над 150 километри и со тоа ќе биде целосно завршена гасоводната мрежа.“- одговори министерот за економија, Крешник Бектеши, како реплика кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ и направи разлика колку оваа влада е посветена на гасоводот, а колку не биле посветени претходните влади.

Митрески: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидуваат да ја блокираат работата на Собранието. Митрески рече дека ВМРО – ДПМНЕ вчера се дрзнала повторно да блокира законски решенија, а еден од нив било законското решение со кое глобите за инвалидските организации се намалуваат, а истовремено се воведува опомена пред казна.

ФИТР: Био Инженеринг работат на утврдување на можно присуство на мутирани поттипови коронавирус кај македонски пациенти, среќни сме што ги поддржуваме. За овој проект веќе е остварена и комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои се очекува поддршка која ќе обезбеди аргументирано известување во борбата против лажните вести и извадени од контекст информации.“, велат од ФИТР.

Њузмакс Адриа: Жељко Јоксимовиќ планира да ја купи агенцијата Танјуг. Од Танјуг не сакаа да ја потврдат или демантираат оваа информација, а Мања Грчиќ во порака за Њузмакс Адриа одговори дека не станува збор за купување на „Танјуг“ и дека во следните седум до десет дена ќе се знае повеќе за оваа трансакција, пренесува Нова.рс.

И.Т.З.

Next Post

Јерчиќ: Големата сцена од битолскиот театар од денеска го носи името на Баге, барем толку му должиме

НАЈНОВО

Скриншот

Пезешкијан: Сакаме мир, но нема да попуштиме под притисок за нуклеарната програма

November 7, 2025
Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk