ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите на кои им следува, се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите

December 27, 2020 13:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до утре.

Портпаролот е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите. Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.

-Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78.000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на пригворот. Се ажурираат и листите на веб страницата „купувамдомашно.гов.мк“, каде ќе можат да ги проверат истите податоци, информира Арсовски.

Во однос на ажурирањето, законскиот рок беше 25 декември и во најголем дел постапката е завршена.

-За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отворија подсметки за да се исплати помошта. Потсетуваме дека со оваа мерка се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите категории граѓани, истакна Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Според Арсовски, заклучно со петокот, најголе дел од случаите проблемот е решен. Но, има случаи за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, а живеат во странство невозможно е да ги ажурираат своите податоци.

-Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година, напомена Арсовски.

Владиниот портпарол рече и дека наскоро ќе има консултации со синдикатите, стопанските комори, социјалните партнер и сите други чинители за да бидат таргетирани мерките од следниот антикризен пакет, а средствата се веќе таргетирани.

Next Post

Кога е легален канабисот помалку се пуши, а медицината и економијата цветаат

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk