ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворено стрелиштето на Армијата и МВР – квалитетната обука на безбедносните сили предуслов за зачувување на безбедноста

December 27, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во касарната „Илинден“ денеска е отворено новото заедничко стрелиште на Армијата и на МВР за гаѓање со пиштол и автомат за деветмилиметарски калибар на муниција.

Пуштањето во употреба на овој вежбовен објект, како што рекоа министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, е уште еден конкретен и важен потег во насока на остварување поквалитетна обука и подготовка на полициските и воените специјалци што е, пак, предуслов за зачувување на безбедноста на државата.

Според Шекеринска и Спасовски, модерноста на објектот, неговите техничко-тактички перформанси, согласно европските и НАТО стандардите, специфично одбрани и реализирани, гарантира не само поинтензивна, туку и специјализирана обука на оперативно делување што подразбира натамошно зголемување на професионалните капацитети на безбедносните единици.

 

– Немам дилема дека заеднички направивме уште еден успешен проект, насочен кон зголемување на оперативната моќ и опсегот на полициските и армиските специјалци, во нивната професионална подготвеност и обученост да делуваат во рамките на своите надлежности. Притоа, јасно го демонстриравме веќе установениот континуитет во подобрување и унапредување материјално-техничките капацитети на припадниците на двете министерства, како дел од севкупните општествени реформски зафати што ги преземаме изминативе неколку години, истакна Спасовски.

Тој напомена дека спроведувањето на законите, вклучително и на оние кои ја тангираат безбедносната сфера од живеењето, не значи само нивно нормативно почитување, туку бара и други претпоставки за да може да се гарантира оперативна ефикасност.

– Еден од тие предуслови е комбинирано и истовремено квалитетна професионална обука на сите припадници безбедносните служби, кои по словото на законите и според своите обврски и надлежности кои произлегуваат, имаат улога да бидат непосредни актери на остварувањето на безбедносната заштита на правниот поредок, на материјалните добра, на животот и сигурноста на секој наш граѓанин, рече Спасовски.

Министерот нагласи дека во организациската поставеност и на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за одбрана, една од фундаменталните оперативни позиции им припаѓа на припадниците на специјалните единици во двете институции, полициски и воени.

– Овој заеднички проект со МВР освен што ја афирмира соработката меѓу двете водечки институции од безбедноста, значи и заштеда на ресурси и пари, но она што е важно за нас како членка на НАТО е дека ова стрелиште ќе додаде дополнителна вредност во нашата лична карта во НАТО бидејќи ќе биде и наш државен капацитет кој ќе се користи во вежбите кои ќе ги спроведуваме заедно со членките на НАТО или со некои од партнерите. Особено ми е драго што во услови на прогласена кризна состојба каде што главниот товар падна на товар на здравствените власти, но и на полицијата и на Армијата во нејзина поддршка, покажуваме дека знаеме како треба да соработуваат институции кои што се задолжени за најважните работи во државата”, рече министерката Шекеринска.

Осврнувајќи се на изминатата 2020 година, Шекеринска рече дека иако светот ќе ја памти според пандемијата, за нас не беше изгубена година.

-Од утре влегуваме во последната седмица од 2020 година, година што сакаме да ја заборавиме. Сепак, во најтешката година како држава го обезбедивме најголемиот државен успех. И во оваа 2020 која светот ќе ја памети како потрошена поради корона кризата, за нас ќе биде и година во која што после 30 години маратон успеавме да станеме 30-та членка на најмоќната воено-политичка алијанса”, подвлече Шекеринска.

На отворањето на стрелиштето присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски, како и други истакнати личности од врвот на Армијата и МВР. И Шекеринска и Спасовски се согласија дека безбедносниот сегмент и натаму ќе биде во фокусот на приоритетите, како од аспект на негова натамошна модернизација согласно НАТО и ЕУ стандардите, така и од аспект на негово целосно обликување на сигурен и бескомпромисен гарант на слободата, сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Next Post

Денеска се регистрирани 296 нови случаи на Ковид 19, oздравени се 511 пациенти – починати се 18 лицa

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk