Лелеци и траор во Хрватска по земјотресот, најмалку четворица загинати, се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Според информации на хрватските медиуми, во Петриња загина 13-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина. Исто така, медиумите јавуваат за уште две жртви од ова гратче.
Спасувачи од цела Хрватска тргнаа кон Петриња. Улиците на Петриња се преполни со урнатини, голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани, јави Хина, повикувајќи се на информациите објавени од загрепската редакција на „Н1“ телевизија.
(ВИДЕО) Новинар известува од местото на земјотресот во Петриње, кога сè почнува да се тресе и руши. Се урнаа станови и згради, а голема штета претрпе и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриње.
Срушена болница во Сисак, евакуирани се сите пациенти (ВИДЕО). Уништена е целата Интерна медицина, одделението за интензивна нега, хирургија, гинекологија. Може да се каже дека остана само новата зграда. Ги преместуваме сите пациенти во нова зграда. Повеќето од уништените веќе не се користат. Министерот исто така контактираше со нас “, рече Дујменовиќ.
Владата на С. Македонија со првична помош од шест милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.“, објави Заев.
Претседателот Пендаровски изрази сочувство за настраданите во земојотресот во Петрињa. „Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.
Во болниците вкупно 985 ковид-пациенти, слободни околу 320 кревети. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Новавакс тестира вакцина против новиот вид коронавирус. Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели.