Јавноста добро се сеќава на кабадајата Цветан Трипуновски, од деновите кога беше „технички заменик“ во Министерството за земјоделие, за време на техничката влада во првата половина од 2020 година. Во тоа време, спротивно на сите стандарди на професионално однесување, овој лик упаѓаше со вклучена камера во канцелариите на вработени во администрацијата и правеше циркуз.
Трипуновски сега го гледаме на протести кои се очиглено партиски и кои им нанесуваат огромна штета на тутунарите.
Самите тутунари остро реагираат на овие проѕирни методи на вмровците да профитираат среде постапката за откуп на тутунот. Резултатот е само уште една утната операција за стекнување политички профит.
Д. Е.