ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бачовски: 2020-та ја завршивме со исплатени над 4,9 милијарди денари субвенции

January 5, 2021 08:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Субвенциите ќе се исплаќаат редовно. Пандемијата и наредната година нема да влијае врз нивната реализација. Средствата за оваа ставка се обезбедени. Наше е да создаваме услови за развој на агро секторот, а земјоделците спокојно да продолжат да произведуваат храна која ни е и тоа како потребна, вели за МИА директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

Бачовски истакнува дека 2020-та ја заокруживме со исплатени нешто повеќе од 4,9 милијарди денари субвенции и уште безмалку 1,9 милијарди денари поддршка за тутунот.

Според него, Владата во изминатиот период ги подмируваше заостанатите долгови од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

Во однос на буџетот за земјоделството во 2021 година, Бачовски информира дека се уште не е стигнат до Платежната агенција, поради што не сака, како што напоменува, да лицитира со суми пред и официјално да биде доставен од надлежните институции. Но, не ја исклучува можноста за некакви интервентни или дополнителни мерки, доколку ресорното Министерство процени дека има таква потреба.

– Сметам дека и покрај целиот товар, исклучително тешката и неизвесна година сепак имаме добри резултати на институцијата со која раководам. Пo програма за земјоделство исплативме 4.901.115.658 денари, за тутунско производство 1.886.927.796 денари. Тоа се сериозни средства кои се легнати на сметките на земјоделците, свеж капитал за нова реколата, за нови инвестиции. Преку субвенциите директно влијаевме на производните трошоци. Би кажал дека ние во сите изминати години плаќавме заостанати долгови за 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година. Сите субвенции кои по некој основ биле оставени настрана и не биле исплатени во тоа време, ние ги исплативме. За нас нема поделби, во еден ден без селекција нa сите кои исплонуваат услови субвенциите им се исплаќаат. Земјоделството е наша шанса посебно сега кога е исклучително важно да се обезбеди домашно произведена храна и кога храната е потребна во цел свет, нагласува директорот.

Тој потенцира дека мерките, интервентни, дополнителни, ги креира МЗШВ, а Платежната агенција ги реализира.

– Доколку Министерството процени дека има потреба од интервентни и дополнителни мерки и ако Владата обезбеди средства, ние апсолутно немаме проблем да ги исплатиме средствата. Впрочем и во минатите години сите интервентни и дополнителни мерки беа исплаќани навреме. Последните денови од 2020 ја исплативме и КОВИД-мерката за производителите на грозје и винарниците. Институцијата работеше и ќе продолжи да работи со полн капацитет и во интерес на развој на земјоделството, подвлекува Бачовски.

На прашањето за оризопроизводителите е дециден дека, сите што правно и законски ги исполнија условите за финансиска поддршка, парите ги имаат на сметките уште во јануари 2020 година.

– Тогаш на 23 илјади земјоделци им исплативме 6,3 милиони евра. Оние кои немаат добиено субвенции за ориз или имаат долг за вода, долг за закуп на земјиште или за користење пасишта. Доколку постои некој кој нема долгови и има неисплатени средства слободно го поканувам во Агенцијата да дојде и да видиме каде е проблемот, вели Бачовски.

За намалување на проблемот со производителите на ориз, Владата, потсетува Бачовски, донесе одлука на 29.12.2020 година да се зголеми поддршката.

– Со новата одлука, сите што имаат до пет хектари и произведуваат ориз од несертифициран материјал ќе добиваат 25.000 денари субвенција по хектар. За сите со поголеми површини од пет до 50 хектари поддршката е 30.000 денари по хектар, што значи производителите имаат дополнителен стимул да произведуваат ориз, истакнува директорот.

Во однос на ИПАРД 2, Бачовски вели дека годинава се потпишани вкупно 392 договора по сите мерки, со вкупно побарана сума 21,7 милиони евра.

– Тоа се средства со кои се градат нови производни капацитети, нови инвестиции на оранжерии, на современи насади, на набавка на нова механизација. Со помош на овие средства го развиваме, модернизираме домашниот земјоделец и претпријатијата кои делуваат во секторот земјоделство. Преку новите инвестиции се намалуваат производните трошоци, а домашното производство станува поконкурентно и со додадена вредност. Овие проекти ќе влијаат и на бруто домашниот производ, но и на растот на домашната економија која и тоа како ни е потребна сега кога цел свет кубури со економскиот раст, подвлекува новоименуваниот директорт на Платежната агенција, Никица Бачовски во разговорот за МИА.

Next Post

Вакцините единствена надеж за враќање во нормала, први количини во земјава можно и пред февруари

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk