Фудбалерите на Барселона ја забележаа третата победа во шпанската Ла лига, откако синоќа на домашен терен беа поуспешни од Вилјареал со 2:1. Сепак радоста на Каталонците не беше целосна, бидејќи нивниот капитен Лионел Меси поради повреда предвреме го заврши натпреварот.
Аргентинецот на полувремете беше заменет со Усман Дембеле.
Головите за Барса ги постигнаа Антоан Гризман и Артур, додека погодокот за Вилјареал е дело на Санти Казорла. Трите гола паднаа во првото полувреме.
По шест кола Барселона има 10 бода и во пресрет на другите натпревари од оваа рунда е на 4.место.
Вилјареал е осми со осум бода.
Извор: МИА