ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Измени во Законот за државјанство само со заштита на националните и државни интереси

January 8, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Република Северна Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси.

Тоа е ставот на МВР, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потенцира дека врз основа на тој став се разработуваат можни варијанти на Закон за државјанство. Кога ќе бидат подготвени, нагласи тој, ќе и го соопштиме на јавноста , ќе го доставиме до Владата, а потоа ќе оди во Собранието.

Спасовсски истакна дека носењето Закон за државјанство, односно негово предлагање, е исклучиво надлежност на МВР и не може да се очекува дека некој од надвор треба да даде законско решение, а Министерството да се изјасниме за тоа.

Во однос на предложениот законски текст за државјанство од страна на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Спасовки нагласи дека тоа е пред се политички памфлет и од него не може да се сфати што сакаат предлагачите и не нудат трајно решение.

– Нас ни треба трајно решение, заштита на државните и национални интереси и заштита на граѓаните кои се тука и треба да го добијат тоа државјанство, а од објективни причини не можеле да го добијат досега, изјави денеска министерот Спасовски, по примопредавањето опрема наменета за потребите на сообраќајна полиција од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.

Спасовски ги упати предлагачите на Деловникот на Собранието каде, како што нагласи, многу јасно стои дека за сите законски решенија што ќе бидат предложени од страна на пратеници, што е уставно загарантирано право, се бара мислење од соодветните институции кои се носители на вакви законски решенија и мислење што го утврдува Владата.

Тој посочи дека собранискиот Деловник ја налага потребата во однос на законските решенија да се изјасни институцијата Влада.

– Тука нема кој сакал или не сакал. Ние овде не сме како држава да застапуваме лична волја, застапуваме интереси на граѓаните, оние што не плаќаат и за кои треба да работиме за да ги остваруваат нивните интереси. Тоа дали законско решение е предложено од една, втора, трета партија воопшто не не интересира, нас не интересира државниот интерес, дециден е Спасовски.

Министерот за внатрешни работи уште еднаш повтори дека го разгледале предлогот и кога ќе го предложат законското решение со кое во голема мерка ќе се решат отворените прашања ќе ја информираат јавноста. /MИA/

Next Post

Филипче: Логично е барањето на угостителите, ќе се разгледа, но олабавувања само по 21 јануари

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk