Белата чума нема да запре ниту наредните две години, оцени претседателот Пендаровски во неговото излагање на Регионален младински форум во Нови Сад. Тој смета дека е потребно менување на менталниот склоп во регионот, пренесе Телма.
„Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој“, изјави на панелот Пендаровски, кој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, а таква можност има во иницијативата Мини шенген“.
Со 400 евра просечна плата во регионот Пендаровски рече дека и тој би се отселил да не е претседател.