ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Палестинската управа се жали дека Израел не им дава вакцини против Ковид-19

January 11, 2021 08:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Палестинските власти денеска соопштија дека очекуваат првите дози од вакцината против Ковид-19 да ги добијат во март, во договор со производителот на лекови „АстраЗенека“, притоа обвинувајќи го Израел за заобиколување на својата обврска да обезбеди достапност на вакцините на окупираните територии.

Британските медиуми пренесуват дека иако Израел веќе е светски лидер во вакцинирањето против коронавирусот, Палестинците на  окупираниот Западен брег и во Појасот Газа се уште не ги обезбедија своите први залихи.

Генералниот директор на палестинското јавно здравје, Јасер Бозје, за британските медиуми изјави дека Палестинците, покрај начелниот договор со „АстраЗенека“, побарале и набавка на вакцини и од компаниите „Модерна“, Џонсон & Џонсон“ и од Русија, кои ја развија вакцината „Спутник V“.

Вакцини треба да дојдат и преку програмата за вакцинирање на Светската здравствена организација за земјите со ниски и средни примања.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Израел ги игнорираше своите должности како окупаторска сила и расно го дискриминираше палестинскиот народ, лишувајќи го од правото на здравствена заштита.

„Потрагата на палестинското раководство да обезбеди вакцини од различни извори не го ослободува Израел од одговорноста пред палестинскиот народ во обезбедувањето вакцини“, се наведува во соопштението на палестинското МНР.

Британските медиуми наведуваат дека израелската програма за вакцинација ги вклучува арапските граѓани и Палестинците од Источен Ерусалим.

На Западниот брег, меѓутоа, вакцините им биле дадени само на израелските доселеници, но не и на Палестинците, кои добиваат здравствени услуги од палестинските власти.

Групите за човекови права, вклучително и Амнести Интернешнл, велат дека Израел има законска обврска да обезбедува вакцини за Палестинците кои живеат под окупација.

Израелските власти соопштија дека ќе можат да ги споделуваат вакцините со Палестинците откако ќе бидат задоволени потребите на Израел.

Next Post

И Трамп постојано лажеше, па гледаме до кај стигна

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk